„Градот на гревот“ е преполн со скакулци!
Се очекува уште поголема инвазија на скакулци во Лас Вегас, откако ентомолог од Невада ги предупреди жителите и посетителите на тој град, дека инсектите ќе се задржат таму уште неколку недели.
Фотографиите и
видеоснимките од скакулците како скокаат под светлата на казината, низ долгите
улици со хотели и забави наоколу, почнаа да се појавуваат на сите друштвени
мрежи.
Но, ентомологот од Невада, Џеф Најт изјави дека жителите и гостите на Лас Вегас не треба да се грижат, бидејќи овие инсекти не пренесуваат никаква болсет и не касаат, така да целосно се безопасни.
Најт исто така изјавил дека станува збор за вообичаениот вид на пустински скакулци, кои се многубројни како резултат на влажното време.
Најмногу ги има во северна Аризона, пред да започнат да мигрираат на север, па затоа ги има и во Невада.
Според досегашните податоци, вакви слични скакулци во Лас Вегас се појавиле 4 или 5 пати во последните 30 години.
Фото: Tanjug / Steve Marcus/Las Vegas Sun