Спорт // Спорт
Градот Охрид и Агенцијата за млади и спорт ќе го организираат маратонот, ќе се одржи во септември
Охридски пливачки маратон ќе се одржи и покрај сите проблеми, општина Охрид ќе го организира пливачкиот маратон, а со средства ќе учествуваи Агенцијата за млади и спорт ќе го финансира наградниот фонд кој ќе изнесува 10.000 евра.
Според најавите на денешната прес конференција, на која присусвуваа градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, маратонот би требало да се одржи на 10 или 11 септември.
Општина Охрид ќе обезбеди 2 милиони денари за непречена организација Охридскиот пливачки маратон.
„Неизмерна е среќата и задоволството што ги чувствувам, воден од фактот дека Охридски пливачки маратон ќе има. Верувам дека секој охриѓанец го има истото чувство. Охридскиот пливачки маратон, не е само спортска манифестација. Тој е многу повеќе од тоа. Тој е чувство, сентиментално вкоренето во секој охриѓанец. Радосен сум бидејќи Охридски пливачки маратон ќе има, иако пред нас се исправија големи препреки. Водени од помислата дека маратонот опстоил 60 години, опстоил и во можеби многу потешки времиња од сегашните и дека во него животен труд вложиле плејада охриѓани, успеавме да ги надминеме препреките. Изразувам голема благодарност до Охриѓани и бизнис заедницата од градот, но и надвор од државата кои во неполни 24 часа изразија подготвеност да помогнат финасиски и логистичи во организацијата на маратонот“ - изјави Кирил Пецаков, градоначалник на Охрид.
Агенцијата за млади и спорт во Охридскиот пливачки маратон ќе учествува со 10 000 евра кои ќе бидат наменети за наградниот фонд.