Тренд // Патувања
Градот под земја: Жителите задоволни, уживаат во спокој
Кубер Пиди е рударски град кој се наоѓа во пустина во јужна Австралија, каде температурите во текот на летото достигнуваат 50 степени Целзиусови. Дождот е ретка појава, па поради тоа поголемиот дел од населените живее под земја.
Во градот живеат околу 3.500 жители, од кои повеќето се вработени во рудникот.
Поради својот необичен начин на живот, Кубер Пиди стана лесно достапна туристичка атракција, која што ја посетуваат луѓе од целиот свет.
Жителите за ноќевање во подземните соби на хотелот Дезер Кејв наплаќаат по околу 100 евра по лице.