Градот убав или осакатен, како и облеката што ја носат: Стилот на градоначалниците на Скопје


Оставија по нешто за градот... Самите како појава беа сосема различни еден од друг и во ставовите и модно. Овде зборуцаме за оба што го облекувале, тоа што го правеле се гледа (или не).

Секој град си има свои предности и недостатоци. Градоначалникот е тој кој треба постојано да се грижи за секој сегмент, да биде лидер во донесувањето смели и оправдани одлуки, да го чувствува пулсот на градот и потребите на граѓаните. Да биде визионер, па и кога нема да биде на функција, со гордост да се споменува неговото име. 

Скопје имаше многу градоначалници. Секој различен со своите ставови и погледи за градот. Во своите мандати направија или не направија значајни нешта, оставија или не оставија трага… Го изобличуваа или разубавуваа лицето на градот, го шминкаа и му ставаа „силикони и ботокс” знаејќи дека тоа е привремено, го оголеа, го соблекуваа, па пресоблекуваа, го китеа со се` и сешто, правеа улици, градеа згради… Времето ќе покаже (веќе покажува) кој колку се вложил и придонел. 

По нивниот стил на облекување може да се забележи и духот на Скопје во времето кога биле на функција. Сите различни, и по својот табиет и по работењето и по облеката. 

Трифун Костовски

Хедонист, со пура во рака. Господин. Неговиот стил има уметничка линија. Маркантен во облекувањето, стилски перфекционист, сака внимание. Не е воопшто класичен. Сака благи промени во изгледот, ама секогаш оди на сигурни варијанти со голема доза на елеганција. И во спортска облека и во костум е шармер. Бира со вкус, деталите секогаш му се видливи и на место.

Ристо Пенов

Го видовме во различни изданија, но дека ја сака белата боја, тоа е факт. Обично кошулите му се во таа боја усогласени со панталони со раб по средината. Класичар, без премногу експериментирања. Ретко со вратоврска, често без сако. Сака да е слободен во изразот. Не сака детали, нити нешто премногу трендовски.

Коце Трајановски

Носталгичар, по класика. Кај него строгите линии на облеката имаат големо влијание. Непроменлив како статуа со дефинирана форма. Тој е од оние кои одат на сигурни варијанти. Иако класичар, елеганцијата му е драга. Се му стои убаво, не игра премногу со бои, концизен и прецизен.

Петре Шилегов

Комотен во облеката. Сака младешки и урбан изглед, па често е во фармерки. Драстичен во промените, од фармерки во костум… Спортската елеганција му е заштитен знак. Не е фанатик по секоја цена да изгледа убаво, но сака да биде забележан.

За актуелната градоначалничка во некое друго издание, единствена жена би била меѓу овие погоре па тешко да се направи споредба- на моден план секако.

Н.Т.