„Гранд Ривер“ нуди модерно домување во срцето на Скопје
„Имајте го Скопје на дланка“ – грандиозниот објект „Гранд Ривер“ кој се гради во рамките на комплексот „Гранд Скопје“ овозможува уникатно искуство за идните корисници на модерниот станбено-деловен објект лоциран спроти хотелот „Холидеј Ин“.
Со отворањето на продажниот салон на комплексот „Гранд Скопје“ започна и продажбата на станбен и деловен простор во објектот „Гранд Ривер“, кој е прв од трите објекти кои се предвидени да се градат во рамки на комплексот позициониран на најатрактивната локација во главниот град и веќе во првата недела од отпочнувањето на продажбата, интересот за станови е навистина голем.
Но, што сè всушност нуди овој објект за своите идни станари?
Живот покрај река во јадрото на Скопје
Станбено-деловниот објект „Гранд Ривер“ нуди единствено искуство и можност за живот и работа во срцето на градот, со многубројни квалитетни содржини на чекор до вас. Објектот кој никнува во непосредна близина на реката Вардар, која воедно е инспирација за дизајнот за уникатниот изглед на „Гранд Ривер“, се наоѓа во близина на живописното шеталиште на кејот на најголемата река во земјата, овозможувајќи бројни активности кои влијаат на унапредување на квалитетот на живот.
Модерен станбено деловен објект по светски стандарди
„Гранд Ривер“ претставува модерен станбено-деловен објект кој содржи три нивоа под земја, приземје и дваесет ката, а се гради согласно највисоките архитектонски стандарди и нормативи за градење на енергетски ефикасни објекти. Објектот претставува инвестиција во квалитет со применет комбиниран конструктивен систем за поголема стабилност и сеизмичка отпорност, интегрирани високо безбедносни системи, противпожарни системи, спринклер систем и лифтови креирани за висококатници кои обезбедуваат сигурност, брзина и напредни стандарди на одржливост.
Место дизајнирано за слобода и индивидуалност
Модерниот станбено-деловен објект „Гранд Ривер“ е местото каде што ќе ја пронајдете слободата и индивидуалноста. Секој стан поседува сопствена тераса што овозможува целосно искористување на природната светлина и можност за уживање во погледот на најатрактивната локација во градот.
Воедно, објектот е дизајниран да овозможи максимален комфор на идните корисници, како и целосно искористување на погледот и природната светлина, како кон реката Вардар, така и кон планината Водно.
„Гранд Ривер“ како дел од комплексот „Гранд Скопје“ нуди уникатна можност за неговите идни станари, како близина на модерна шопинг галерија во централниот дел на комплексот, но и простор за одмор и релаксација во строгиот центар на градот, кој го обезбедува софистицираниот урбан парк кој ќе биде составен дел од комплексот.
Домување за урбани луѓе и модерни семејства
Современите станови и урбаното домување во „Гранд Ривер“ се наменети за урбани луѓе кои живеат енергично, модерни семејства кои преферираат градска динамична средина и луѓе кои претпочитаат хибриден работен живот, на единствена локација во срцето на градот.
Од страна на инвеститорот МГ ФЕШН во рамки на комплексот предвидена е и капитална инвестиција за уредување на јавната површина од близу 7.500 м2 со разновидно парковско зеленило, налик на светските урбани паркови и простори оплеменети со современа фонтана и урбана опрема.
Објектот „Гранд Ривер“ со својот современ архитектонски израз и силуета го има целиот потенцијал да прерасне во ново обележје на Скопје.
Звучи сè ова примамливо?
Доколку и вие сте заинтересирани за домување по највисоки стандарди, може да добиете пероснализирана понуда во продажниот салон на комплексот „Гранд Скопје“ во ГТЦ на 1 кат или да контактираат со тимот за продажба на телефонскиот број: 070 233 055 и на e-mail: info@grandskopje.mk.
ПР објава