Спорт // Спорт
Гранде Пандев е тука: Живеам за овој меч, на нашиот народ му треба радост
Пред мечот со Косово, кој се игра утре, најдобриот наш фудбалер Горан Пандев допатува од Италија. Еве што кажа пред самиот натпревар:
„Им благодарам на сите што помогнаа да дојдам во Скопје во вакви услови, со пандемија со Ковид-19. Јас живеам за овој меч, се надевам и на следниот, за да се пласираме на Европско првенство. Знаеме што ни носи мечот. Жално е што ќе играме без публика и некомплетни и двете селекции, но најважно за нас е што сме подготвени и секако ќе одиме на победа. Натпреварите за репрезентација и за клуб не се исти. Ова е за мене последна шанса за да играм со Македонија на големо натпреварување. На нашиот народ му треба една ваква радост, а се надевам дека пласман на ЕП ќе донесе огромна радост“, изјави Пандев.