Грчкиот јогурт совршен за секоја комбинација: Три летни брзи оброци со Грекос
Исхраната во лето е специфична и освен хранлива, треба да биде лесна и освежителна. Треба да содржи минерали, витамини, протеини, калциум што во лето лесно се губат и затоа потребно е да се внесуваат редовно. Убавото е во тоа што се достапни многу намирници и комбинирањето на вкусовите и составот е плод на вашата фантазија.
Во исхраната во лето, неминовно се присутни млечните производи, а грчкиот јогурт е кралот на безбројните комбинации за слатки и солени оброци, дали како главна состојка или како додаток. Грчкиот тип на јогурт Грекос заради богатиот вкус и текстура што му ја дава на храната е вистинскиот избор за создавање лесни летни оброци. Со неговата кремаста структура и богат вкус, освен што на храната му дава свежина, со својот состав и хранливост за организмот носи придобивки кои се однесуваат на виталноста и здравствената состојба.
Затоа што е вкусен, хранлив и неопходен за секојдневната исхрана, ви предлагаме неколку рецепти со грчкиот тип на јогурт Грекос.
Сендвич со грчки јогурт
Сендвичот со грчки јогурт е највкусната опција за освежителен а енергетски појадок. Лесно и брзо се подготвува и потребни се само неколку состојки.
Леб
Грчки тип на јогурт Грекос
Авокадо
Калинка
За поголема компатибилност на вкусовите изберете интегрален или цело-зрнест леб, на двете парчиња леб намачкајте слој грчки тип на јогурт Грекос, авокадото додадете исечено на листови и наросете со зрна од калинка. По желба може да се додадат и зачини, сол или бибер. Поклопете и уживајте во свежината и богатството од вкусови.
Салата со грчки јогурт, копар, јајца и лимон
1/4 чаша грчки тип на јогурт Грекос
1 лажица свеж сок од лимон
1 лажица сечкан свеж копар
1/4 лажичка сол
прстофат црн бибер
4 тврдо варени јајца сечкани
леб од цели зрна, крекери или облоги од зелена салата
Измешајте ги сите состојки освен јајцата во сад додека не се добие мазна конзистентност. Додадете ги исечканите јајца и измешајте добро. Вкусете и прилагодете ги зачините по потреба.
Послужете на мек интегрален леб, со крекери или на облоги од зелена салата за опција со малку јаглени хидрати.
Чоко јогурт
1 чаша грчки тип на јогурт Грекос
2 лажици незасладено какао во прав
½ лажичка стевиа
Овошје и јаткасти плодови по желба
Ставете го јогуртот во средна чинија. Додадете го какаото во прав и вашиот засладувач. Со лажица полека и темелно мешајте додека смесата не стане хомогена и кремаста. Ако смесата е премногу густа, измешајте со една или две лажици вода. Оставете да одмори на собна температура 10-30 минути, за да се спојат вкусовите. Додадете јаткасти плодови, ореви најдобро и овошје по желба.
Измешајте уште еднаш и уживајте!