Грчките власти повикуваат на зголемена внимателност: Маж починал од редок вирус кој се пренесува преку крлеж

Грчките здравствени власти прогласија состојба на готовност откако 72-годишен фармер почина од Кримско-конгоанска хеморагична треска – ретка, но опасна вирусна болест што се пренесува преку убод од заразен крлеж.
Починатиот бил хоспитализиран во Лариса, каде што го заразил и својот лекар, кој засега е без симптоми.
Во карантин се ставени 25 лица, главно блиски контакти и медицински персонал. Од нив, 10 се сметаат за високо ризични, но досега никој не развил симптоми.
Болеста ретко се јавува во Европа, но повремено се регистрира на Балканот. Последен случај во Грција бил во 2018 година.
Симптомите кај потешките случаи вклучуваат висока температура, болки во мускули и стомак, вртоглавица, крварење и евентуално откажување на органи. Смртноста кај хоспитализирани пациенти достигнува и до 30%.
Се земаат примероци за лабораториска анализа, а околината се запрашува. Граѓаните се предупредуваат да избегнуваат тревнати површини, да носат светла облека и да користат заштита од инсекти.
Особено е важно да се избегнува близок контакт со заразени и да се применуваат мерки за лична хигиена.
Извор: Mondo