Греење и ладење без струење на водухот: Samsung Wind-Free™ Deluxe
Компанијата Samsung Electronics Air Conditioner Europe B.V. (SEACE) и официјално го претстави новиот модел на ѕидни клима уреди Wind-Free™ Deluxe, со единствена технологија на ладење и функции за паметно управување. Кога се работи за VRF системите (системи на променливи флуиди), Samsung ја проширува својата линија на ѕидни единици на средни и големи бизнис објекти, како хотели и бизнис згради, додека Wind-Free™ Deluxeтехнологијата со EHS топлотните пумпи (систем на економично греење), овозможува воспоставување на сеопфатно решение за греење и ладење на станбени простори.
„Со претставување на новата линија на Samsung клима уреди порано оваа година, ја зајакнавме својата улога како предводник на пазарот за иновативни производи за ладење и греење. Меѓутоа, нашата цел отсекогаш била Wind-Free™ технологијата да ја направиме достапна за пошироката јавност, а со најновиот Deluxe модел во можност сме тоа и да го реализираме“, истакна Xavier Feys, потпретседател на секторот за претпродажба, развој на работењето и корисничките услуги во SEACE.
Иновативна технологија на ладење
Wind-Free™ Deluxe е, слично на ѕидните модели за станбени примени, опремен со единствена технологија, која домот го прави значително попријатен и поудобен, со помош на повеќе илјади микроскопски ситни отвори за изедначена дистрибуција на свеж воздух. При користење на Wind-Free™ режимот, воздухот се дистрибуира тивко и лесно, со кое се создава „опкружување без струење на воздухот“[1].
Паметноработење
Управувањетона Wind-Free™ Deluxe технологијата се одвива преку жичните или безжичните единици, опремени со напредни функци и за регулација на внатрешниот воздух. Исто така, можно е и далечинско ракување на единицита и нејзин надзор преку апликацијата SmartThings, како и со помош на гласовните командина Bixby[2], што на корисниците им овозможува да го вклучуваат и исклучуваат клима уредот, да го бираат посакуваниот режим на ладење, да закажуваат извршување на функции и надгледување на потрошувачката на струја.
Со носачот со точки, за кои се потребни само два шрафови, новата Wind-Free™ Deluxe единица е конструирана за монтажата и сервисирањето да бидат уште полесни и побрзи во однос на вообичаените ѕидни модели. Резултатот е дури 45 проценти пократко време за монтажа отколку кај конвенционалните модели[3]. Освен тоа, благодарение на воздушните филтри, поставени од надворешните страни, сервисирањето може да се изведе без отворање на единицата.
Во склоп на EHS асортиманот можно е да се комбинира Wind-Free™ Deluxe со системот TDM Plus, кој ги комбинира системите воздух-вода (A2W) и воздух-воздух (A2A), овозможувајќи сеопфатно решение за климатизација во домот. Може да се користи во текот на целата година за ладење, како и за подно и радијаторско грееење. Исто така, можно е максимално да се искористи потенцијалнот на системот за поврзување на паметна мрежа или на соларни панели.
Палета на производи
Моделите Wind-Free™ Deluxe на компанијата Samsung се достапни во варијантите VRF (променлив проток на флуиди) и како систем за економично греење EHS.
-Капацитетот на единицита VRF е достапен во распон од 1,5 до 8,2 kW и може да се набави со комплетен електронски експанзивен вентил (EEV) или без него.
-Капацитетот на единицата EHS е достапен во распон од 1,5 до 8,2 kW и може да се набави само со комплетен електронски експанзивен вентил (EEV).
-Расположливоста на палетата на производи може да се разликува на локалните пазари.