Патници беа заложници на оваа жена: Вака изгледаше драмата во авион за Египет

Патничка која летала од Русија за Египет со авиокомпанијата „Аерофлот“ предизвикала хаос за време на летот, агресивно инсистирајќи да биде преместена во бизнис класа поради болки во задникот и градите. 

И покрај обидите на екипажот и други патници да ја смират, таа продолжила да создава проблеми до самото слетување, по што интервенирала и полицијата.

Сè започнало кога патничката станала од своето седиште, видно вознемирена, и почнала да вика на стјуардесата додека се држела за задникот и градите. Според сведоци, извикала:

„Ми треба бизнис класа! Ме боли задникот, ме болат градите! Работев и сега ми треба подобро место од ова!“

На видео објавено од британскиот „The Sun“ се гледа како таа стои во авионот, вика, лежи на подот, а во еден момент почнува и да ја соблекува блузата. 


И покрај тоа, екипажот не ѝ дозволил преместување. Најдраматичниот момент бил кога таа се заканила дека ќе ги отвори вратите на авионот додека е во лет – што предизвикало паника кај другите патници.

„Летот беше напнат и непријатен. Не знаевме до каде може да оди“, изјавил еден патник за медиумите.

Со помош на неколку патници, персоналот успеал физички да ја задржи и да ја премести кон задниот дел на авионот, но тоа не го решило проблемот. Таа продолжила да прави сцени до самото слетување во Египет, каде била предадена на полицијата.

Сè уште не е познато дали против неа се покренати обвиненија, ниту дали е казнета. Не е утврдено ниту дали била под дејство на алкохол или опијати, а нејзината националност официјално не е потврдена. Авиокомпанијата „Аерофлот“ сè уште нема дадено официјален коментар за инцидентот.

Извор: The Sun