Грузија - Македонија, борба за прво место, Милевски со дилеми околу составот
Денес во Тбилиси, Грузија и Македонија играат за првата позиција во групата, на домашната селекција и е потребен и бод за лидерското место.
На две кола до крајот, Грузија има три бода повеќе од Македонија, за нашиот национален тим нема дилеми, потребни се две победи, и кикс на Грузија со Гибралтар.
Селекторот Благоја Милевски најави дека со тимска игра ќе се обидеме да стигнеме до победа, во ситуација кога имаме неколку стандардни првотимци кои се повредени.
„Ако не мислиме дека можеме да победиме, немаше ни да дојдеме тука. Секогаш се концентрирам како ќе функционира нашиот тим, најважен е тимот, иако се важни и поединците, како во нашиот состав, така и во противничкиот, ќе направиме се да ги искористиме сите шанси за прво место во Лигата на нации“ рече Милевски.
Грузијците сакаат реванш за поразот од ноември 2022 година, тогаш овде во Тбилиси со голот на Горан Пандев обезбедивме пласман на ЕУРО.
Средбата ќе се игра пред полни трибини и пред 55.000 гледачи, на стадионот на Динамо Тблиси „Борис Пајчадѕе“ со почеток од 18 часот.