Hafington post со текст за Констракта: Еве што велат за Ана и песната In Corpore Sano!

Во пресрет на вечерашнaта втораполуфинална вечер на Евровизија

Светските медиуми не престануваат да брмчат за Евровизија и Констракта. Вака Хафингтон пост го напиша текстот кој интегрално ви го пренесуваме:

„Секогаш можете да се потпрете на изборот за песна на Евровизија дека ќе ни пружи многу надреални изведби и луди песни, но овогодинешниот натпревар ја има првата песна што ја спомнува Меган Маркл.

Или поточно, косата на Меган.

Србија, со песната In Corpore Sano (што на латински значи „здраво тело“), во изведба на Констракта, започнува со стихот: „Која е тајната на здравата коса на Меган Маркл?“

Па, сите сакаме да знаеме, нели?

Песната продолжува да зборува за важноста на хидратацијата и за тоа како темните кругови се претпоставува дека се поврзани со нарушувања на црниот дроб, очигледно.

„Уметникот мора да е здрав. Господ да ни даде здравје“, пее таа со хорот.

Зборувајќи за лирската референца за Меган, Констракта рече: „Меган Маркл не е толку важна овде, но таа е претставник на сите луѓе на кои се фокусирани медиумите. Таа сè уште не ме контактирала, но би сакала да ја слушне оваа песна. Ова е песна за атмосферата во која живееме, која го стави здравјето како најголема вредност“.


Фото: Youtube - screenshoot