Спорт // Спорт
Халанд и уште два играчи запишале по пет голови на еден натпревар во Лигата на шампионите
Манчестер Сити го победи Лајпциг со 7-0, обезбеди четвртфинале, а автор на пет голови беше Ерлинг Халанд.
Норвежанецот играше до 63 минута, а тренерот Пеп Гвардиола реши да го замени.
Халанд е само третиот играч во историјата на Лигата на шампионите кој успеал да постигне пет голови на еден натпревар, пред него тоа им успеа само на Луиз Адријано од Шахтјор против Бате Борисов во 2014 година и Лионел Меси за Барселона против Баерн Минхен во 2012 година.
Норвежанецот сега има 10 гола во Лигата на шампионите, а во Премиерлигата досега запиша 28 а има еден и во Лига Купот.