Хали Бери живеела како бездомник, сакала да се самоубие: Денес е една од најбараните актерки
Оскаровката Хали Бери денес е една од најплатените актерки во Холивуд, но животот на оваа ѕвезда не бил нималку лесен и едноставен. Ги поминала скоро сите фази во животот. Благодарение на талентот и убавината кои ги поседува, успеала од бездомник да стигне до врвот. Пред да се пробие во филмската индустрија некое време морала да помине во прифатилиште за бездомници.
„Почетокот беше многу тежок. Имав само 21 година кога се преселив во Њујорк каде ја започнав својата кариера. Првите три месеци имав пари, но кога ги потрошив бев принудена да ја повикам мајка ми и да ја замолам да ми помогне. Категорично НЕ беше нејзиниот одговор - раскажа актерката за магазинот „Пипл“.
По неколкуте мали улоги во телевизиските серии, нејзиното прво значајно појавување ѝ се случило во комедијата „Бумеранг“ во која партнер ѝ беше Еди Марфи. По овој ангажман Хали играше уште во неколку остварувања во кои успее да го привлече вниманието. За улогата во филмот „Ви ја претставуваме Дорти Дендриџ“ е наградена со Еми и Златен глобус, а за улогата во филмот „Бал на монструми“ ја доби престижната награда „Оскар“.
Додека на професионален план редеше само успеси, во љубовта немаше толку среќа. Хали Бери се мажеше четири пати, а по првиот развод од тогашниот сопруг Дејвид Џастин призна дека размислувала и за самоубиство.