Halk EZ Cashback за младите со динамичен стил на живот

Појадок во пекара, на вежбање барем два пати неделно, ручек или вечера во ресторан, во кино со друштвото, на супер забава во ноќен клуб. Халкбанк започна нова Cashback кампања за младите на кои овие активности им се дел од неделната рутина. Сите корисници на Halk EZ пакетот кои плаќаат со VisaPayWave дебитната картичка, а и корисниците на Visa Platinum дебитните картички имаат можност да добијат 10% поврат на средства (cash back) за трансакциите направени на одредени продажни места низ земјата.

Кампањата важи за плаќања на локации како ресторани и други места за јадење, пекари, дискотеки и ноќни клубови, кино сали и центри за вежбање. Оваа Cashback акција започна на 15 декември и ќе трае до 15 март. При тоа, корисниците имаат можност да добијат поврат на средства до 1.000 денари на секои 30 дена од времетраењето на кампањата.

Halk EZ пакетот е креиран за да им понуди на младите ново банкарско искуство кое е прилагодено на нивниот динамичен начин на живот. Со новата Cashback кампања, на младите лица на возраст од 16 до 24 години, корисници на ХалкЕз пакетот практично им е овозможено и да заштедат додека уживаат во нивните омилени активности или се забавуваат со друштвото.

Повратот на средствата ќе се реализира по завршувањето на секој месец од стартот на кампањата директно на платежната сметка на корисникот. При тоа, важно е да се напомене дека оваа акција важи само за трансакции направени на ПОС терминали во одредените локации.

Преку оваа Cashback кампања, Халкбанк ја наградува лојалноста на членовите на Halk EZ заедницата. Пакетот Halk EZ (Halk Easy) е иновативен банкарски пакет за млади со голем број поволности и динамични содржини. Пакетот опфаќа бесплатно мобилно и електронско банкарство, Visa бесконтактна картичка со која може да се повлекува готовина без надомест на сите банкомати во земјата и во странство, платежна сметка без трошоци за водење, и иновативни услуги како GarminPaySmartSendSmartCash.  

ПР објава