Халкбанк ја трансформираше главната филијала во галериски простор
Како поддржувач на уметноста и културата, Халкбанк посветено работи да им ја доближи благородната природа на уметноста на своите клиенти, и тоа токму преку илустрациите како најзастапен уметнички израз. Изложбата, која се состои од 15 илустрации од „Сликовницата на Халки“, барем на еден ден главната филијала на банката ја претвори во нетипичен галериски простор, во место за средба на обичниот човек со уметноста.
„Изложба во експозитура на банка е одлична идеја. Како уметник се застапувам за тезата дека секој простор може да биде и уметнички простор“, вели авторот на илустрациите Трајче Павлов.
Како банка на народот (halk на турски e народ), Халкбанк пред се’ е посветена на обичниот човек, кој можеби нема можност за средба со уметничко дело во галериски простор. Оттука и произлезе идејата да се приреди мало, пријатно изненадување за клиентите кои доаѓајќи да завршат работа во банката, во исто време да можат и да уживаат во илустрацијата како еден од визуелно најдопадливите изрази на ликовната уметност.
ПР објава