Халкбанк овозможува кредит целосно онлајн, без шалтер и документација

Зошто сè уште би оделе во банка за кредит – кога целиот процес може да се заврши онлајн, без хартија, без чекање и без дополнителни трошоци? Халкбанк веќе нуди услуга која ви овозможува да подигнете потрошувачки кредит од каде било, во кое било време. Online кредитот е дизајниран за клиентите што сакаат сигурност, едноставност и услуга што се прилагодува на нивниот животен ритам.
Кредит од дома – без шалтер и без документација
За аплицирање за Online кредит, клиентот треба да биде примател на плата или пензија во Халкбанк АД Скопје и да има активна електронска банкарска услуга. Дополнително, потребно е во последните шест месеци редовно да има примања на трансакциска сметка во банката. Апликацијата се поднесува со логирање на електронското или мобилното банкарство и избор на табот „онлајн производи“. Договорот се потпишува електронски, со дигитален токен преку VASCO токен (e-signature) , што овозможува сигурен, заштитен и целосно дигитален процес – без физичко присуство.
Достапност во секое време, од било каде
Аплицирањето за Online кредит е достапно 24 часа, седум дена во неделата. Клиентите можат да пристапат до услугата во кое било време, од кој било уред – без разлика дали се дома, на работа или во странство. Тоа го прави процесот не само брз, туку и крајно практичен.
Фиксна камата, без провизии, јасни услови
Износот на кредитот може да биде до 1.500.000 денари, со рок на отплата до 95 месеци. Каматната стапка е фиксна и изнесува 6,5% за целиот период, а вкупниот годишен трошок за кредитот изнесува 6,70%. Висината на кредитот што може да се одобри зависи од месечните примања на клиентот, при што максималниот износ на месечниот ануитет не смее да надмине 40% од нивната плата или пензија.Халкбанк не наплаќа провизија за апликација, нема трошоци за обработка, ниту надомест за предвремена отплата.
Фокусот е на клиентот
Online кредитот не го менува само начинот на аплицирање, туку и целиот пристап кон банкарските услуги. Наместо да се прилагодувате вие на процедурата, процедурата е прилагодена на вас – едноставно, сигурно и во моментот кога навистина ви треба.
*ПР објава