Хамиди: Ќе дадеме се од себе, ќе имаме навивачи на „Максимир“, тоа многу ќе ни значи против Динамо Загреб

Шкупи во вторник се среќава со шампионот на Хрватска, Динамо Загреб е фаворит,  на „Максимир“, средбата се игра од 21 часот.

Македонскиот првак, најавуваат голема борба против  „модрите“, иако Динамо е фаворит. 

„Дуелот со Динамо има големо значење за нас, спокојни сме, трениравме напорно деновиве. Во Загреб ќе се бориме максимално и за секој сантиметар на теренот. Динамо е фаворит,  но во фудбалот се е можно, фактот што ќе дојдат и наши навивачи ни ја олеснува работата,  ќе нѐ поддржат, а ние ќе дадеме се од себе за добар резултат“, вели алжирскиот интернационалец Валид Хамиди.