„Хари Потер“ се набилда до непрепознавање за новата улога
Поминаа 12 години откако Даниел Редклиф (34) го затвори децениското поглавје од кариерата и животот во кое беше претставен Хари Потер.
По завршувањето на сагата, Редклиф изгради успешна кариера на филмот и театарската сцена, а сега ги изненади гледачите со физичката трансформација.
Имено, меѓу неговите бројни ангажмани е и серијата Miracle Workers која од 2019 година ја продуцира американскиот канал TBS, а Редклиф е и продуцент. Секоја сезона се појавува како уште еден (главен) лик - од ангел од понизок ранг во првата, преку принц, потоа свештеник и сега во четвртата - патувачкиот воин Сид. Сид живее во некоја варијанта на луда макс дистопија, апокалиптичен свет по нуклеарна катаклизма.
И доста ги изненади гледачите. Редклиф, кој е висок 165 сантиметри и отсекогаш бил прилично слаб, сериозно е набилдан за улогата на Сид. Во сцените каде рика и бесно им ги кине екстремитетите на роботите, облечен само во бели гаќи, покажа завидна мускулатура.
Иако ова не е прв пат овој актер да се соблече за улога, филм или театар (кога имаше само 17 години, првпат целосно се соблече во претставата Equus на Вест Енд), гледачите се шокирани и сите коментираат дека е јасно дека Даниел навистина морал да работи со добар тренер и стил на акциона ѕвезда за да изгледа како што изгледа сега. Тој се уште не ја открил тајната на својата мускулатура.
А на тема Хари Потер, Редклиф неодамна зборуваше за можноста да се појави во ТВ серија за Хари Потер која е во подготовка и треба да започне да се емитува во 2025 или 2026 година. Фановите се надеваа дека тој ќе добие барем некаква камео улога. Но, тој не гледа многу шанси тоа да се случи.
„Од она што го разбирам, тие сакаат да почнат од почеток и сигурен сум дека писателите ќе сакаат да остават свој белег и веројатно нема да сфатат како да го сместат стариот Хари во мала улога. Дефинитивно не го барам тоа на кој било начин. Но, секако им посакувам многу среќа и многу сум возбуден што диригентската палка е успешно предадена. Мислам дека не е потребно физички да ја пренесам“, изјави актерот за ComicBook.