Херој на денот, Марко Пејчиновски преплива 64 километри на големиот празник по речиси 22 часа во вода

Уште еден подвиг на младиот Марко Пејчиновски, за него ова е 10-то препливување на охридското езеро,  овој пат на релација Охрид – Струга – Св. Наум – Охрид во должина од 64 километри. 

На празникот Голема Богородица по  21 час и 42 минути,  со овации беше пречекан кај охридското пристаниште 

„Се чувствувам одлично. Беше тешко, пред се поради неповолната струја на моменти, но успеав да ги надминам проблемите и за разлика од 2019 да испливам до целта. Ова сакам да ве инспирира и вас, без разлика колку нешто изгледа тешко во животот, не значи дека е невозможно“, изјави 16-годишниот Марко.