Хилари снимила сѐ: Изнервираниот Алек Болдвин полетал кон новинарот (ВИДЕО)
Алек Болдвин во понеделникот вечерта е снимен пред куќата на режисерот Вуди Ален на Менхетен во Њујорк, каде имал вербален конфликт со Џон Левин, новинар од „Њујорк пост“.
„Господине Болдвин, што ве доведе во Њујорк?“ - репортерот го прашал холивудскиот актер, на што сопругата на Алек, Хиларија го замолила да си оди. Кога новинарот го одбил тоа, Болдвин, видно изнервиран, се свртел и се залетал кон него.
„Не смеете да фотографирате пред нечија приватна куќа“ - викал Болдвин, гестикулирајќи со раката во кој држел чадор и се обидувал да го оттурне Левин назад на тротоарот.
Хиларија, очигледно загрижена дека конфликтот би можел да прерасне во физичка пресметка, го фатила сопругот и го задржала на место сѐ додека тој конечно не се свртел и не се вратил кон влезната врата на куќата на Ален.
„Но, ова не е... Ова не јавна сопственост“ - му возвратил Левин, додека Хиларија и понатаму упорно повторувала: „Замини, престани!“. Притоа енергично мавтала со својот мобилен телефон со кој наверојатно го снимила новинарот, пишува „Дејли Мејл“.
„Зарем навистина не сте го повлекле чкрапалото? Верувате ли дека пиштолот испукал, без вие да го повлечете чкрапалото? Дали навистина станува збор за дефект?“ - Левин не престанувал да поставува прашања за несреќата на сетот на филмот „Rust“, во кој актерот случајно ја усмрти снимателката Халина Хачинс и го рани режисерот Џоел Соуз.
Но, Болдвин не му одговорил, по што се затворила вратата зад него.
NEW … I ran into Alec Baldwin on the Upper East Side pic.twitter.com/8pG5Vpshw2
— Jon Levine (@LevineJonathan) December 7, 2021