Хирургот треба да оди во тоалет: Операцијата трае неколку часа...
Едно од прашањата што никогаш не си го поставуваме
е како лекарите уринираат среде часови на операција. Еден доктор ги сподели
своите искуства на форумот Quora.
"Пред многу години, бев на должност повеќе од 24 часа. Имав итни операции, и доаѓаа пациент по пациент. Сите беа итни операции, секој од пациентите се наоѓаше во животна опасност. За среќа, сите операции беа успешни, но буквално трчав од една до друга“, напиша тој.
Поради ова, тој немал време да оди во тоалет и трпел, но на крај, не можел да се воздржи .
„Кога дојдов на четвртата операција, мочниот меур ми беше полн, но не можев да одам во тоалетот затоа што пациентот може да искрвари за една минута. На крајот на таа операција, не можев повеќе, затоа ја замолив сестрата да ми помогне, но се покажа дека не можев да се потпрам на неа “, напиша тој.
Тој додаде дека на крајот го извлекол подебел крај.
"Два дена подоцна, ми беше дијагностицирана инфекција на бубрезите, имав треска и чувствував болка. Денес го гледам тоа поинаку. Сè додека пациентот е стабилен, можете да го покриете засекот, да им кажете на сите што се случува и да отидете во тоалет. Вие тоа го залужувате. Вашиот итен случаи ќе ви одземе од минимално време и веројатно нема да предизвика штета на пациентот “, заклучува тој.