Hisense е прв во производството на апарати за домаќинство според листата на најдобрите кинески брендови за 2022 година

Hisense е прогласен за најдобар производител во областа на апарати за домаќинство и шеста година по ред е меѓу 10-те водечки кинески брендови на листата што заеднички ја објавија Google и KANTAR, глобална компанија за истражување и консалтинг. Престижната листа на „ KANTAR BrandZ™ Chinese Global Top 50 Brand Builders“ беше претставена на Самитот на Google „Think with Google 2022“ и ги вклучува резултатите од истражувањето на повеќе од еден милион потрошувачи од 11 земји.

Според компанијата, и покрај глобалната неизвесност, моќта на овој технолошки гигант пораснала за девет отсто, во однос на претходната година, што го покажува растечкото влијание што компанијата Hisense International го има низ целиот свет.

Во средината на економската неизвесност, најважното нешто за брендот е луѓето да го сакаат и да се идентификуваат со него, а ние го постигнавме тоа. Нашата мисија е да направиме иновативна, висококвалитетна технологија која го прави животот поедноставен и достапен за секого. Ова рангирање е само еден од доказите дека клиентите ширум светот ја препознаваат нашата посветеност и ни даваат поддршка кон остварување на нашата мисија. Исто така, извештајот јасно покажува дека пандемијата има значително влијание врз потрошувачите и дека тие сега ги трошат своите пари многу повнимателно отколку порано, како и претпочитаат да избираат производители кои се во согласност со нивниот животен стил“, се посочува во соопштението на Hisense.

Овогодинешното истражување беше спроведено на различни пазари, вклучувајќи ги Австралија, Бразил, Франција, Германија, Индија, Индонезија, Јапонија, Мексико, Шпанија, Велика Британија и САД, како и други помалку развиени региони. Истражувањето, исто така, спореди 383 кандидати во 18 категории со брендови на локалните пазари за да ги избере најдобрите 50.

На купувачите најмногу им се допаѓа ласерската и ULED технологијата

Според извештаите од продажбата, апсолутни фаворити на публиката се ласерските телевизори и телевизорите со ULED технологија, по што е познат Hisense. Во Австралија, Франција, Канада и многу други странски пазари, продажбата на ласерски телевизори ги надмина минатогодишните резултати, додека ULED телевизорите постигнаа раст на продажбата од повеќе од 40 проценти на годишно ниво.

Друг показател за успехот на брендот е фактот што во првата половина од оваа година, кумулативниот приход на Hisense International изнесуваше повеќе од 4 милијарди евра, што е зголемување од над пет проценти на годишно ниво.

Исто така, со извезени производи во повеќе од 160 земји и региони, Hisense ги спонзорираше најголемите спортски настани во светот, како што се UEFA EURO 2016 и 2020 година и FIFA World Cup 2018 и 2022 година.

Во моментов, кинеските брендови влегуваат во нова фаза на развој, а овие извонредни податоци покажуваат дека тие успешно ја освојуваат довербата на публиката ширум планетата. Додека глобалната потрошувачка клима значително се менува под влијание на пандемијата и економската несигурност, овие компании мора да продолжат да ги следат трендовите за зачувување на профитабилноста и имиџот, кои се под влијание на новите вредности кои доминираат на пазарот.

ПР објава