Хит во Турција: (не)Очекуван антивирусен производ, го има во секој дом
Средствата за дезинфекција на раце не се доволно распространети во Турција, па населението се сврте кон за нив познати методи за спречување на инфекција од опасениот коронавирус.
Недостатокот на средства за дезинфекција на светскиот пазар ги натера луѓето низ светот на креативни начини да се борат против коронавирусот. Турците, на пример, почнаа да купуваат и користат во огромни количини свој карактеристичен мирис - kolonyu (колонија/колонска вода).
Колонија се смета како национален мирис на Турција што се користи во земјата уште од Отоманската империја. Станува збор за колонска вода, обично зачинета со арома на роза, цитрус или рузмарин, која традиционално се прска на рацете на гостите при влегување во турски домови, хотели, болници, по завршување на оброк во ресторани, но и пред да заминете во џамија или црква.
Со оглед на високиот процент на алкохол - дури 80 проценти, тој е ефикасен дезинфициент за раце. Бидејќи Турција ја регистрираше својата прва инфекција со коронавирус во март годинава, производителите на колонии откриле дека продажбата е тројно зголемена.
Колонијата се заснова на етанол добиен од ферментиран јачмен, грозје или компир, кој потоа се меша со дестилирана вода и природните мириси на овошје, цвеќиња или зачини. Течноста „созрева“ приближно три недели пред да се спакува во атрактивни стаклени шишиња и да се стави на пазарот.
Секој турски дом има шише колонија во дневната соба, кујната и бањата. Од доаѓањето на коронавирусот, Турците почнаа да акумулираат резерви за колон, а некои се обидоа да направат своја верзија.