ХОРОСКОП до крајот на месецот: Дали ви се насмевнува конечно среќа?

Овен

Не верувате во некои повторни ветувања и поради тоа барате убедливи докази или дополнителна гаранција на некој деловен договор. Бидете промислени пред соработниците. Вашиот партнер не може да ви удоволи во се што ќе чуете, видите и посакате. Затоа и често останувате без реализација на различните потреби.

Бик

Се наоѓате пред нов финансиски предизвик и некој ве храбри да прифатите одреден ризик. Добро проценете ги своите можности во однос на реалните услови, а понекогаш големите желби може да се остварат на лесен начин. Посакувате повеќе интересни случувања во љубовниот живот и смислено креирате одредени ситуации

Близнаци

Оптоварени сте со различни обврски, но околината очекува да ги решите прашањата од заеднички интерес и да делувате ефикасно. Потребно е да подвлечете линија, бидејќи немате доволно енергија да се ангажирате на паралелни страни. Имате впечаток дека саканото лице не ги разбира вашите намери. 

Рак

Доколку ви е тешко да ги остварите вашите деловни намери немојте да очекувате невозможни решенија, туку побарајте нечие разбирање. Нема потреба да ја потиснете вистината за работите кои стануваат очигледни. Потребна ви е поддршка ид партнерот во различни ситуации. 

Лав

Без оглед на вашата снаодливост во деловните средби, постојат работи кои не се вклопуваат во вашата почетна проценка. Потребно е да ги корегирате своите првобитни ставови во договор со блиските соработници. Премногу се грижите без причина, а партнерот моментално несака да ви доверува своите мисли и чувства.

Девица

Сочувајте ја дополнителната мерка на внимание во непознати ситуации, а бидете умерени во своите очекувања. Многу ви значи да ги решите несогласувањата со саканото лице, но се плашите од нови компликации. Немојте да брзате! Работите решавајте ги етапно и само така ќе ги видите позитивните резултати.

Вага

Важно е да го испочитувате заедничкиот договор и да останете доследни на своите изјави. Нема потреба да правите нови грешки кои можат да ве компромитираат во друштво на соработниците и партнерите. Партнерот инсистира на заеднички промени па морате да имате доволно разбирање

Скорпија

Понекогаш се изгледа релативно, необично или чудно кога е во прашање работата. Поради тоа немојте да донесувате заклучок врз основа на првиот впечаток или без предходна консултација со блиските соработници. Деловните прилики излагаат поинаку кога се набљудуваат од различни асперкти. 

Стрелец

Нема потреба да носите важни одлуки врз основа на избрзување. Некој од соработниците внимателно го анализира вашето однесување иноси оцена за вашите резултати. Прифатете двонасочен соработнички однос, но не по секоја цена. Обидете се да развеселите некого или да го израдувате партнерот.

Јарец

Заинтересирани сте за нечија деловна понуда или за комбинација која ветува двојна добивка па поради тоа делувате вознемирено пред соработниците. Пред да донесете конечна одлука, послушајте нечија приказна и прифатете корисен совет. Придавате големо значење на некои нови емотивни случувања.

Водолија

Ако немате доволно интерес дополнително да се ангажирате во некои деловни ситуации, бидете искрени и немојте да давате лажни ветувања. Важно е коректно да го исполните својот дел од обврските. Без оглед на популарноста која ја имате кај спротивниот пол избегнувајте авантура и кокетирање со една предизвикувачка личност. 

Риби

Време е своите идеи да ги исфрлите на виделина и да видите каков ќе бидеефектот врз околината. Од самиот почеток ќе почнете несигурно, но колку што повеќе зборувате, ќе оставате што поуверлив впечток на слушателите. Во односите со личности кои имаат некаков авторитет прибегнете кон ласкав и дипломатски начин на однесување