ХОРОСКОП на неделата: Многу среќа и судбински предизвик за 4 знаци
ОВЕН (21.03 – 20.04)
Работа. Развојот на ситуцијата во работата, во голема мера зависи од вашата упорност, а можно е вас да ве импресионира спремноста на соработник кој ќе ви излезе во пресрет. Ова вас ќе ве прави способни да се снајдете во ситуација која не е ни приближно така лесна за решавање како што на вас ви се чини. Морате да вложите дополнителен напор за да успеете во она што го сакате. Можна е нова работа или нов самостоен проект.
Љубов. Друштвените активности ќе бидат присутни овој период, ќе бидете спремни да се среќавате со оние кој ви се одсекогаш интересни и со оние кој најубаво си поминувате. Ако имате постојан партнер, ќе пробате да го убедите на нешто што на вас ви е многу битно. Ќе добиете прилика да се сретнете со некој кој што се занимава со уметност или спорт, а на вас веќе долго време ви се допаѓа.
Здравје. Добро ќе се чувствувате.
БИК (21.04 – 21.05)
Работа. Ситуацијата ви излегува од контрола, особено ако сте родени во почетокот на знакот и не сте во состојаба да се поставите како што треба. Родените при крајот на знакот се во некое искушение, во врска со прифаќање на нова понуда. Пред вас се можности за подобрување ама потребно е да бидете малку своеглави и да не се држите до рутинската работа. На некој му е многу важно да се сретне со вас за да разговара за заедничка работа.
Љубов. Може да се случи понуда за тајна врска. На некој многу му се допаѓате и свесни сте каков впечаток оставате. Некогашната симпатија ќе сака да ви се обноват односите. Можна е романса со некој кој е присутен во јавност или често патува во странство. За оние во брак веќе е време да си ги решите несогласувањата.
Здравје. Можни се проблеми со грлото.
БЛИЗНАЦИ (22.05 – 21.06)
Работа. За вас ова може да биде напорна недела, а за многу може да биде и многу успешна. Посебно за они кои се родени во почетокот на знакот и оние кои се спремни да ризикуваат, но сепак имаат некаков резервен план ако во случај нешто тргне наопаку. Младите родени во овој знак се склони кон голем напор и физичко исцрпување ама можат да сметаат на голема подршка од некој претпоставен или член од семјството кој ќе ви се најде при рака во врска со решавање на важен проблем.
Љубив. Многу се интересираат за вас, а вие се обидувате да ги мнинимализирате сопствените емоции, бидејќи се плашите, да не во случај не можете лесно да го решите проблемот со партнерот. Ако сте долго време во врска, не сте сигурни дали е време да планирате заедничка иднина. Некоја Водолија успева да ве шармира. Слободните пипадници може да влезат во тајна врска со некоја Девица.
Здравје. Добро се чубствувате.
РАК (22.06 – 22.07)
Работа. Месечината во текот на неделата ќе се движи низ вашиот знак, тоа на вас делува охрабрувачки. Спремни сте да направите значаен чекор во работата. Лесно може да ви се даде пријателски совет, но не сте секогаш спремни да послушате освен еден Бик. Лавот исто така има голем впечаток на вас и се обидува да ви наметне некој свој став. Можно е да се подобри протокот на пари особено ако работите во некоја странска фирма.
Љубов. Време е да донесете важна одлука кога е во прашање вашиот приватен живот, особено ако сте во долга врска или брак, а нешто не е како што треба. Доколку го избегнувате отворениот разговор или тоа го прави вашиот партнер, ќе морате да расчитите со својата дилема и да се поставите многу позрело него до сега. Вие се наоѓате во пресвртна точка. Ако сте слободни, не се впуштајте лесно во врска со огнени знакови.
Здравје. Можна е повреда.
ЛАВ (23.07 – 22.08)
Работа. Спремни сте вредно да работите, можно е да се договорите со некој во врска со работа која може да ви се исплати, особено ако се работи за некој проект кој многу ве интересира. Потребно е да се сретнете со Водолија, Стрелец или Лав и да ги сослушате нивните предлози. Ако барате работа, можете да ја најдете преку Вага или Овен. Бивш колега или колешка од повисок ранг може да ви нуди обнова на соработката.
Љубов. Ако сте родени на почетокот на знакот, може да бидете малку своеглави, особено ако сте во врска со авторитетен партнер. Ќе се обидете да го “купите” партнерот со некаков поклон ама партнерот нема лесно да прејде преку она што кај вас му смета.
Здравје. Ќе бидете нервозни.
ДЕВИЦА (23.08 – 22.09)
Работа. Ќе се обидете да го фатите темпото со некој кој вас ве претркал во нешто, ама вие со вашата безгрижности и вашата сколоност кон двоумење може да пропуштите добра прилика. Транзициите на месечината ви носат нови можности за приход и подобрување на статусот. Ако не ја сакате работата која ја работите ова е вистинско време да размислите за промена. Играјте игри на среќа, можни се повеќе добивки.
Љубов. Фантазирате за страствен партнер или мислите на некој кој немате прилика да го гледате често. Некој кој е често на пат, се занимава со работа која бара да се присуствува во јавност и нема многу време за вас. Можна е понуда за да одете на заедничко патување. Малку дискреција не било лошо, особено ако сте женаво вој знак, многу го коментираат вашиот приватен живот.
Здравје.Внимавајте на изгореници.
ВАГА (23.09 -22.10)
Работа. Транзицијата на месечината ви овозможува лесно да се договорите со некој кој можеби во последно време често ви нудел заедничка работа. Немојте претерано да се лутите на колегите кој не се спремни на било каков компромис или не се спремни да вложат пари во заедничка работа. Можни се вонредни приходи.
Љубов. Спремни сте да прифатите врска која може да ви донесе значајни промени во животот и може да бидете спремни ако треба да се преселите во некоја друга земја или град. Спремни сте да влезете во брак или размислувате во проширување на семејството. Ако сте слободни, на крајот на неделата можно е да добиете повик од некој кој ви се допаѓал или сте биле во врска.
Здравје. Можна е главоболка.
ШКОРПИЈА (23.10 -22.11)
Работа. Покажувате желба за обновување на соработка со некој Јарец, Вага или Овен и спремни сте на некој отстапки. Повеќето едвај чекаат да коментираат негативно за вашата работа. Ќе успеете најверојатно со помош на долгогодишен колега да реализирате исклучително профитабилен проект. Можна е соработка со странци или во доменот на медиуми. Ќе добиете поволни вести за пари или ќе земете кредит под поволни услови.
Љубов.Вашиот знак ви носи нови познанства доколку сте слободни. Или пак ви носи значајни промени во личниот живот ако сте долго во врска или во брак. Оние кој размислуваат за стапување во брак треба да се одлучат пред партнерот да го изгуби трпението. Некогашната симпатија се обидува да ја врати вашата наклонетост.
Здравје. Добро се чувствувате.
СТРЕЛЕЦ (23.11 -21.12)
Работа. Напорна недела во која можете да добиете неколку понуди. Вие ќе сакате своите идеи да ги реализирате и во најдобра можна ситуација вие ќе успеете да се ангажирате на две работи, од кои едната ќе биде многу подобро платена ама бара повеќе работа. Лоша ви е концентрацијата. Финансиски почнувате да се опоравувате и можни се повеќе добивки. Родените при крајот на знакот треба да играат игри на среќи.
Љубов. Имате многу планети кои ви се наоѓаат во Овен и Бик, тоа е голем предизвик кон вашиот партнер, особено сте склони кон љубомора. Имате големи очекувања од секој кој ви се допаѓа, тоа вас ве оневозможува да воспоставите добра комуникација.
Здравје.Ќе ве мачи несоница.
ЈАРЕЦ (22.01 – 20.01)
Работа. Истакнатиот Овен и Бик делуваат на креативниот дел на вашата природа, ама исто така сте спремни да покажете и голема доза на своеглавност, што на некој соработници не им пречи, а на други им пречи. Вие сте спремни да се ангажирате на нова работа од која ќе очекувате добри приходи. Можен е почеток на приватна работа во доменот на семејниот бизнис.
Љубов. Можност за заљубување преку работата. Ви одговара позицијата на повеќе планети, кои на слободните припадници на овој знак им носат нови можности за обновување на однос кој со текот на времето се претворил во пријателство. Оние во брак или во врска ги чека повторна караница во која начесто вие сте виновникот.
Здравје. Добро ќе се чувствувате.
ВОДОЛИЈА (21.01 – 19.02)
Работа. Не сте спремни претерано да се ангажирате на работа која не сте сигурни дека ќе ви се исплати, ама нема да успеете да одолеете на притисокот на претпоставениот. Можна е заработка, преку работа со недвижности или преку издавање имот. Го проширувате кругот на пријатели и соработници. Добро се согласувате со Стрелец, Вага, Овен и Водолија. Можен е успех во уметноста.
Љубов. Астролошкото поле на куќата, е нагласено. Комуникацијата и работата може да ви донесе обновување на врска со особа која сте ја запознале на работа. Ако бидете во прилика да се сретнете со Стрелец, Вага или Овен не бидете воздржани на тема љубов и немојте да се двоумите дали можеби прмногу ги откривате својте чувства.
Здравје. Време е за рекреација.
РИБИ (20.02 – 20.03)
Работа. Астролошката област на вашата личност е нагласена со присуството на Меркур, планетата на интелектот и вие не треба да се двоумете за нешто што можете лесно да го решите. Многу предизвици претстојат пред вас бидејќи Венера планетата на благосостојбата е во вашата астролошка куќа на пари и носи можност за просперитет. Треба посериозно да ја сватите понудата за работа која може да ви донесе поголема сума на пари.
Љубов. Се обидувате да го освоите вниманието на некоја Шкорпија, Бик или Лав. Согледајте го она што се случило во последните неколку месеци и најдете начин да ја решите ситуацијата, каде имате можност да го уверите партнерот на својте добри намери. Машкиот пол фантазира за некаква средба со некој кој живее во странство. Можно е некој Стелец да ја прекине врската во избрзан ефект, посебно со некој преставник од водениот знак.
Здравје. Ќе ве мачи несоница.