ХОРОСКОП ЗА ФЕБРУАРИ: Месец на замрзнување или на нешто ново?

ОВЕН
Насочете се на работите кои мора да ги завршите, никако не започнувајте ништо ново во првата половина затоа што нема да биде успешно. Направете план за да не се загубите. До  10-ти февруари се ќе оди споро па бидете подготвени за тоа. Добро ќе се чувствувате во врската, но многу ќе бидете насочени на работата. Ќе треба да се обидете  малку да најдете време за партнерот за да не се почувствува запоставен. После се ќе биде добро во односот.


БИК
Првата половина на месецот воопшто нема да е добра за работа, но од 20-ти енергијата ќе се насочи само на работа и на нови планови. Ќе треба да се насочете на нови работи, нови идеи. Но, до 20-ти не е добро ништо да менувате, седете мирни и на страна.
Ќе бидете романтични и расположени за врска. Слободните може да запловат во нешто ново, но нема да бидете сигурни на што сте до крајот на месецот. Се ќе биде некако нејасно. Од 20-ти работите ќе се разјаснат и ќе ви биде полесно.


БЛИЗНАЦИ
Многу ќе бидете вредни но ќе имате потреба многу време да поминувате дома, па најдете начин да го избалансирате сето тоа. Ќе ви биде малку напорно во првата половина на месецот. Вие ќе бидете енергични а напредокот е извесен.
Нема да имате многу добра комуникација со партнерот, а тоа ќе биде така до 13-ти, после ситуацијата ќе се подобри. Разговарајте што е можно повеќе и правете планови. Од 20-ти работите поинаку ќе се одвиваат и партнерот ќе биде посреќен.

РАК
Можни се проблеми со парите во почетокот на месецот. Воопшто нема да сте задоволни. Не го покажувате тоа пред другите, од 12-ти ситуацијата малку ќе се подобри. Може во втората половина на месецот ќе купите нешто за домот или за себе.
Че треба да се насочете кон партнерот, помалку зборувајте, повеќе покажувајте му. Некои од вас ќе влезат во тајна врска и нема да знаат како да се извлечат од неа, затоа е важно на време да сфатите што не треба да правите.


ЛАВ
Ќе бидете напнати сте поради паричната состојба. Ќе имате чувство дека може многу повеќе да заработувате и многу повеќе да постигнете. Но, постојано нешто ќе ве кочи. Обидете се да направите нов распоред, да направите нешто ново. Зборувајте со пријателите можеби ќе добиете и добар совет. Важно е да не го оптеретувате партнерот со проблемите од работа.
Ќе имате добар однос со партнерот, но се можни проблеми со комуникацијата до 12-ти. Важно е да напрвите баланс, да се гледате со пријателите, не само да се затворите дома. 


ДЕВИЦА
Нема да имате преголема волја за работа до 20-ти, затоа завршете го само она што ви е приоритет. Се ќе се промени на подобро од 20-ти, но можни се и непланирани трошоци.
Одлично ќе се чувствувате. Доколку сте слободни, ќе имате многу можности за нова врска, но тоа како да не ви е  потребно. Но од 12-ти целата ситуација целосно ќе се промени. Оние кои се во брак ги очекуваат недоразбирања на почетокот на месецот. 

ВАГА

Во фебруари ќе имате значаен пад на енергијата  и ќе го работите тоа што морате. Зголемување на енергијата може да очекувате од 20-ти февруари. Ќе бидете подготвени за нови почетоци и полесно ќе ги завршувате обврските. Од  12-ти повеќе ќе се дружите со драгите луѓе и нема да има толку недоразбирања. Ќе имате подобар однос со колегите. Што се однесува до односот со партнерот ќе уживате до 20-ти, без разлика дали сте во сериозна врска или не. Некое познанство може да помине во нешто поголемо. 

ШКОРПИЈА


До 12-ти ќе има застој што се однесува на парите, но до тогаш може и да заштедите. Бидете трпеливи. Од 12-ти ситуацијата ќе се подобрува. Ќе треба да се насочете кон работата, а не на тоа што колегите зборуваат. Постои  можност да немате голема желба за работа. Можни се големи кавги со партнерот. Гледајте повеќе време да поминувате со пријателите, да правите нешто ново за да не ви биде досадно. Некои личности од минатото повторно ќе се појават во втората половина на месецот- а вие сте неодлучни…


СТРЕЛЕЦ
Расположението не треба да зависи од паричната ситуација, а тоа вас редовно ви се случува, но во фебруари ќе биде многу нагласено. Расположени ќе бидете за работа, искористете го тоа на најдобар можен начин. Соработниците ќе ви излезат во пресрет. Ќе има мали проблеми поради ситници но се ќе помине. Ќе имате чувство дека се ви оди споро и никако да тргне напред. Во втората половина на месецот дружете се повеќе со луѓето.

ЈАРЕЦ
Ќе немате чувство дека се оди по планот, но немојте премногу да се нервирате. Ќе немате волја за работа. Обидете се да се концентрирате да го одработите своето односно она што морате. А од 20-ти ќе бидете многу побрзи и поактивни и се ќе се врати во нормала. Страствени сте и токму поради тоа во врската не треба да има проблеми, особено не до половината на февруари. Многу сте романтични. Слободните може да започнат врска со личност од странство. Флерт на работното место е можен од 20-ти феврувари. Пазете што правите.

ВОДОЛИЈА
Соработката со колегите ќе ви оди одлично во фебруари, но никако не започнувајте ништо ново, работете само на работите кои однапред ви се планирани. Ова важи за периодот до 12-ти, потоа работите ќе се одвиваат многу побрзо и полесно.
Не ви е примарна врската. Повеќе ќе сакате да излегувате со пријателите, отколку да влезете во нова врска. Но, од 20-ти приоритетите ќе се променат. Оние кои се во врската ќе вложат повеќе труд и ќе успеат да ја остварат целта. Не го пренесувајте стресот на другите.

РИБИ

Нема да ви оди баш како што треба. Нема да сте задоволни со ситуацијата, но мора да бидете трпеливи и вредни. Работите ќе се подобрат од  12-ти и тогаш ќе мора да започнете да правите и нешто ново, а не само да се вртите во круг. Ќе имате подобар однос со луѓето со кои работите.
Романтични сте и добро ќе се чувствувате. Ќе треба да се потрудите да му посветите повеќе внимание на партнерот. Направете баланс меѓу работата и љубовта.