ХОРОСКОПСКА ПРОЛЕТ: Нема да биде лесно за 4 ЗНАЦИ

ОВЕН

Обидите да ги сортирате работите кои нема да вродат плод. Тоа не е ништо лошо бидејќи и така не може се да биде во совршен ред. Гледајте широко и потрудете се вкупниот впечаток да биде добар, а не секоја ситница на свое место. Сепак, фатете се за работа, бидејќи ако не се потрудите ќе бидете во голема збрка при крајот на периодов.

БИК

Животот има многу патишта, па немојте себеси да си велите дека само еден е вистинскиот. Бирајте ги оние патеки кои што ви одат од корист. Овој период ќе се запознавате себеси и ќе откриете нешто што до сега не сте знаеле за себе. Искуствата низ кои што сте поминале изминативе неколку месеци го зголемија доживувањето за постоење луѓе околу вас. Најпосле излегувате од капсулата и повторно станувате свесни за некои личности.

БЛИЗНАЦИ

Учете од своите грешки и обидете се одново се додека не успеете. Не може сите одлуки кои што ги донесувате да бидат совршени. Периодов ќе биде исполнет со нови идеи, а ќе имате чувство како да се подготвувате за нешто големо. Бидете штедливи. Не дека треба да се откажете од сè, но имајте на ум дека треба да штедите за поголеми цели и подобра иднина.

РАК

Немојте да се менувате поради другите. Обновете ги сопствените желби и работете на себе си. Веќе ги пуштивте корените и сè е подготвено за раст. Ново чувство на обврски навлегува во вашите односи. Тие чувства ќе се развиваат сè повеќе. Давате сè од себе за во текот на перидов да го исчистите и телото и духот. Ценете ги материјалните работи кои ги имате, но не дозволувајте да ви станат поважни од љубовта.

ЛАВ

Вие имате среќа (но и несреќа) секогаш да ги видите добрите и лошите страни на секоја ситуација. Сеедно, овој период ќе ви изгледа поведар од вообичаено.Во потрага сте по вистината. Ослободете се од старите и непотребни работи и бидете личност каква што сакате да бидете. Истото се однесува и на луѓето што ве оптоваруваат.

ДЕВИЦА

Со скоро секоја ситуација ќе знаете да се справувате. Немојте да се оптоварувате со ситници. Слободно игнорирајте ги малите работи, насочете се на големата слика. За да ви биде добро, не мора секој детал да биде совршен. Бидете самоуверени и ќе можете да ги остварите своите цели.

ВАГА

Слободно охрабрете се и целете високо. Секогаш има место за подобрување. Размислете на што треба да поработите и што уште можете да научите. Бидете малку посебични. Делувајте водени од своите желби, но никако на штета на другите. Не треба да ги слушате другите за сè, но мора да ги почитувате. Немојте да се плашите од самотијата. Сепак, бидејќи ќе ве привлекуваат сеќавања од минатото, внимавајте да не паднете во депресија или негативна носталгија.

ШКОРПИЈА

Целите повеќе од вообичаено и тоа со добра причина. Неодамна нешто се случило што ќе има влијание на целиот период кој е пред вас.Прагматичната страна на вашата личност ќе биде активна. Знаете што сакате и најверојатно знаете како тоа да го добиете. Луѓето околу вас ќе ве подржат во вашите намери, а вие ќе знаете тоа да го препознаете,  а по потреба и да го искористите.

СТРЕЛЕЦ

Лесно е да се падне во замката на себичноста и да не ги третирате другите онака како што заслужуваат, туку само да ја гледате својата корист. Обидете се да се однесувате кон другите онака како што вие би сакале тие да се однесуваат со вас. Следните неколку месеци ќе дојде до одбивање на некои начини на однесување или занемарување на некои аспекти од животот.Постои шанса една голема идеја да ве окупира и да ви одзема многу енергија.

ЈАРЕЦ

Лесно ќе наоѓате инспирација и ќе бидете многу креативни. Погледнетена светот околу себе и барајте надворешна убавина. Уживајте во убавите слики и пријатните моменти. Очекувајте голема поткрепа, можеби дури и финансиска, но подршка сигурно и тоа од една жена. Сите врски ќе ви бидат важни, а ќе имаат влијание и на крајните одлуки.

ВОДОЛИЈА

Ако повеќе ве воодушевуваат активностите со кои што се занимавате, едноставно завршете со оваа сезона и ослободете си го наредниот период. Време е за самоиспрашување. Погледнете малку наназад и размислете што можете да искористите, а што повеќе не ви служи. Сведете ги активностите и работите на оние кои што ви носат најмногу корист и во кои што уживате, а останатото исфрлете го за непотребно да не ви одзема време.

РИБИ

Истовремено сте многу друштвени и многу продуховени. Ќе се чувствувате возбудено, а своите мисли ќе посакате да ги делите и со други. Поддршка од родителите и пријателите нема да ви недостасува, само е важно да ги препознаете вистинските вредности, па уживајте во она што го имате, наместо да се оптеретувате со ситниците што недостасуваат.