ХОРОСКОПСКИ ХАОС: ПОЛНА МЕСЕЧИНА, ПОСТЕПЕНО ПРАЗНЕЊЕ
На десетти јануари 2020 година, имаше затемнување на Месечината и полната месечина која е во знакот на Рак. Тоа беше ден од најголемо значење за сите хороскопски знаци. А најголемиот хаос следи токму овие денови кога месечината ќе почне да се празни.
Целосната месечина и незиниото постепено, но брзо празнење во Ракот носи промена за сите хороскопски знаци. Ова е идеално време да размислите за што треба да работите, за да го направите животот подобар и поубав. Доколку треба да работите на односите меѓу партнерот или семејството, направете го тоа деновиве, затоа што ќе биде многу полесно од вообичаеното да се изедначат врските кои не биле во најдобра форма веќе некое време.
Време е да простите, така што ќе мора да надминете нечии грешки за да можете да работите подобро со одредени луѓе во иднина.
Многу знаци ќе работат од 10 јануари, а особено Лавот, Водолијата и Вагата, зна стабилизирање на љубовните врски.
Копнеејќи за сигурност, знаците честопати ќе чувствуваат и немоќност и пад на самодовербата и може да доведе до жестоки кавги и олабавување на односите, токму во овој обид да ги направат работите идеални.
Од друга страна, Ракот, како владејачки знак на полна месечина, со себе носи изразени емоции, па можно е да бидете поосетливи, и ќе зборувате повеќе за вашите чувства.
Стрелец, Овен и Бик ќе се соочат со пресвртници на деловниот план. Ќе мора да донесете важни одлуки и исто така може да добиете нови деловни зделки. Ќе имате можност да ги обновите старите контакти и да ги трансформирате своите кариери во насока во која сакате таа да се движи. Многу е важно во овој период да размислите внимателно за тоа што сакате да го направите и јасно да ги поставите своите цели.
Бидејќи емоциите се повеќе изразени од вообичаеното, треба да бидете со ладни глави затоа што лесно можете да дојдете во судир со претпоставените и работодавците. Искажете ги своите ставови искрено и имајте на ум дека деловните одлуки се важни во овој момент за да напредувате во наредните денови.
По 10 јануари, сите хороскопски знаци ќе размислат повеќе за семејството и односите. Ракот ја носи потребата да се собереме, да се помириме, да ги решиме конфликтите. Ако можете да разговарате со вашето семејство за конфликтни ситуации, сега е идеално време да го сторите тоа.
Другата страна на Месечината во Рак носи однос на ладење, немир, предизвикува страв. Рибите и Биковите лесно можат да почувствуваат љубомора, страв од губење на некој близок.
Многу неизивесности ќе излезат на површина и ова ќе бидат тешки деновиза сите знаци кои избираат да не ги искажуваат своите емоции на никого.
Многу знаци ќе бидат измачувани од мислата дека може да се случи промена, без оглед дали е во деловната сфера или во љубовна врска. Ова особено се однесува на Шкорпиите, Јарците, Близнаците, Девиците! Во овие моменти треба да избегнувате конфликти и избрзани реакции. Одморете се и размислете за вашите желби и цели за наредниот период.
Полната Месечина и постепеното празнење ќе направи вистински хаос во животот на сите хороскопски знаци. Важно е да останете опуштени и да бидете свесни за зборовите што ги изговарате за да не се создаде расправија со вашето семејство или со луѓето со кои работите. Кога станува збор за здравјето, треба да се грижите за вашата исхрана, да јадете поздрава и полесна храна. Многу знаци ќе бидат измачувани од несоница, па затоа би било добра идеја да пиете чај и да прошетате пред спиење.