ХОРОСКОПСКИ ТУРБОЛЕНЦИИ: Кои 4 знаци ќе добијат тоа што посакуваат во февруари?

ОВЕН

Работа: Конечно излегувате од проблемите што ве следеле во текот на минатиот месец. Вашето трпение ви носи голема ментална цврстина и сигурност.

Љубов: Во овој период не е препорачливо да се блокира партнерот, без оглед на тоа дали сте во брак или врска. Не инсистирајте на она што во моментот вашиот партнер го одбива. Имате можност да се смирите со поранешната љубов и да се стабилизирате емоционално.

Здравје: Немате апетит.

БИК

Работа: Периодот ќе донесе добри резултати и промени. Себеси и своите цели ги ставате на прво место.

Љубов: Ве очекуваат убави средби со саканата личност, како и нови почетоци. Повеќе внимание посветувате на вашиот изглед. Сепак, не очекувајте премногу од партнерот, тоа може да резултира со несогласувања, па дури и раскинување. Внимавајте на љубомората.

Здравје: Стабилно.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Вашата упорност носи резултати. Следете ја интуицијата, не одете на несигурни инвестиции, ако сакате да се стабилизирате финансиски.

Љубов: Искуствата и грешките низ кои сте поминале и кои ве разочарале нема да ги повторите. Знаете што сакате и каков партнер ви е потребен во овој период. Периодот ви носи пријателство со романтични и интересни луѓе, особено музичари. Искористете го овој период за емоционална стабилност.

Здравје: Помали здравствени нестабилности.

РАК

Работа: Овој периодеповолен за да започнете со приватен бизнис. Ве очекува службено патување, теренска работа или семинар. Подобра финансиска состојба.

Љубов: Непланирани околности ќе ве поврзат со поранешениот партнер. Битна личност повторно се враќа во вашиот живот. Ќе биде турболентно. Ќе имате потреба да излегувате и да запознавате нови луѓе. Можни се нагли и брзи влегувања во нова врска.

Здравје:Настинка.

ЛАВ

Работа:Завршете со она што сте го започнале во јануари. Ако чекате, постои можност да бидете во непријатна ситуација овој месец. Слушајте ги совети од пријателите.

Љубов: Почетокот на месецот ќе ви донесе голема љубов со стабилна и традиционална личост. Ако сте во врска постои можност за недоразбирање, особено ако од партнерот очекувате многу. Бидете трпеливи. Кон средината на месецот се можни смирувања со некој од поранешните партнери.

Здравје: Внимавајте на дишните патишта.

ДЕВИЦА

Работа:Подобар период за бизниси и работа. Ако барате работа, овој период е поволен за тоа. Искористете ги вашите способности и таленти.

Љубов: Ако не сте задоволни со сегашниот партнер, би требало да ја раскинете врската. Време е за промени. Во првата половина на месецот избегнувајте груби и тврдоглави партнери. Барајте сериозни и стабилни личности.

Здравје: Стабилно.

ВАГА

Работа: Постепено се стабилизирате и конечно можете да владеете над сите настани. Ќе ви се стабилизира секако и финансиската состојба.

Љубов: Емоционално сте задоволни. Добивате нежност и поддршка од партнерот, а тоа ви дава моќ да ги решите важните проблеми во животот. Некои од вас планираат заеднички живот. Од 9- ти февруари ќе влезете во еден од најуспешните периоди во годината. Овој период ви носи одлични односи со вашиот партнер. Бидете активни.

Здравје: Имајте мерка во сe’ што правите.

ШКОРПИЈА

Работа: Се посветувате на себеси и на своите потреби и желби. Подобра финансиска состојба ве очекува периодов.

Љубов: Првата недела од месецот овозможува подобрување на односите со партнерот. Многумина овој месец планираат заеднички живот. Не задоволувајте се со малите достигнувања. Што повеќе барате, повеќе и ќе добиете.

Здравје: Стабилно.

СТРЕЛЕЦ


Работа: Упорноста ќе биде исплатлива и ќе ви донесе стабилност. Добивате втора шанса. Наоѓате добри решенија за обврските. Имате поддршка од постарите членови на семејството.

Љубов: Многумина од вас ќе бидат во можност да се смират со поранешниот партнер, но не ги повторувајте истите грешки. Кон средината на месецот ве очекува љубов со постара личност поврзана со вашата работа. Пријателите ќе играат битна улога втората половина на месецот.

Здравје: Алергии.

ЈАРЕЦ

Работа: Периодотноси подобри решенија и промени. Кон средината на месецот ќе имате целосна стабилност и добри резултати. Финансиски добро стоите.

Љубов: Ако сте во врска или брак бидете претпазливи. Ако ветувате, треба тоа да го исполните -, во спротивно ќе имате проблеми со партнерот. Кон половината на месецот постои можност за авантура со личност која живее во странство.

Здравје: Настинка.

ВОДОЛИЈА

Работа: Повторно сте во форма, вратени ви се оптимизмот и желбата за промени. Финансиски стоите добро.

Љубов: Внимавајте на тајните врски. Сé што е во некоја смисла тајна, за вас може да биде многу ризично. Можна е обнова на врската со поранешниот партнер. Ова е месец на големи љубовни остварувања.

Здравје: Внимавајте на исхраната.

РИБИ

Работа: Подготвени сте за поголеми промени. Оптимистични сте и силни. До средината на месецот ќе потпиштете нови договори.

Љубов: Голем дел од вас планираат заеднички живот со својот партнер. Појасно размислувате за поранешната љубов, а многу од вас ќе го изгубат интересот за старата љубов, со појавување на некоја нова личност. Чувствувате топла и позитивна енергија. Ве очекуваат денови на љубов и мир.

Здравје: Одлично.