Забава // Занимливости
                    
                    
                
                
                Хотел Монтана, Крушево помагател на изложбата „Анатомија на муралот Илинден" од Борко Лазески
- 31 Јули, 2024 09:38
 
                    Во чест на два важни државни празника - 121 година од Илинденското востание и 80 години од Првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ), хотел Монтана е помагател на изложбата „Анатомија на муралот Илинден" од Борко Лазески.
Оваа изложба во организација на Асоцијација за култура ИКОН има за цел да го истражи длабокиот историски и уметнички наратив на Илинденското востание преку медиумот на муралната уметност.

Дознајте повеќе за неверојатната приказна за фреската "Илинден 1903" на Борко Лазески која ќе биде изложена во Скопје, а чиј дом е хотелот Монтана во Крушево.

Изложбата е отворена за јавноста од 31.07 до 30.11 2024 во Музејот на македонската борба за самостојност.
ПР објава