Хотелот од 1, 5 милијарди евра: Го нарекуваат осмото светско чудо

Хотелот „Мардан палас“, најлуксузниот хотел во Турција во кој е инвестирано дури 1,5 милијарди долари, е вистинската дестинација за туристите кои сакаат луксузен одмор во мирна природа. Сместен е во Анталија на 15 километри од аеродромот и 25 километри од центарот на градот. Мешавина е од отоманска архитектура која ги комбинирала палатата Долмабахче, Мостот Галата, Кулата Мејден, а инспирацијата за анатолиското крило е силуетата на познатата зграда Кулели во Истанбул.

Изграден е од азербејџанскиот бизнисмен Телман Исмаилов, кој покрај овој хотел поседува и 33 други компании кои се занимаваат со разни гранки, од текстил, транспорт, накит.

Шкорпија е симбол на хотелот, бидејќи сопственикот е роден во тој хороскопски знак, така што обележјето може да се најде скоро на секој чекор од патот. 

Хотелот се отвори на 23.05.2009 година и присуствуваа познати холивудскиsвезди како Шерон Стоун, Ричард Гир, Том Џонс, Мараја Кери, Сил, Моника Белучи и Парис Хилтон, кои сè уште повремено доаѓаат во овој хотел на одморат.

Хотелот има своја песочна плажа од бел песок.

Базените се распространети на околу пет хектари, а туристите имаат привилегија да го посетат централниот хотелски комплекс по гондоли, на кои им е потребно половина час за возење.

Гостите имаат можност да уживаат во турската бања, сауни, затворени базени, педикири...

Има амфитеатар, зграда за шопинг, многу убавини за деца, сали и простории за состаноци и банкети, па дури и зоолошка градина.

Овој луксузен комплекс има еден главен ресторан, како и ла-карте ресторани: руски, турски, морски плодови, медитерански, тајландски, јапонски, кинески и ресторан со аквариум.

Познатиот француски производител Хермес специјално дизајнираше порцелански прибор за јадење и садови на хотелот за овој хотел.

Ова необично одморалиште нуди еден од најголемите базени на отворено во Европа, што се протега на 16.000 квадратни метри.

Секоја соба има балкон со поглед кон планините Бик, Средоземно море или кон базените. Хотелот има подводен гребен, каде што гостите можат да пливаат.