„House of the Dragon“ ја воодушеви публиката: Оценките високи, но оваа работа им пречи на сите
Прикажана е првата епизода од долгоочекуваната серија на HBO
„House of the Dragon“, за која критичарите претходно тврдеа дека е „подобра од
Game of Thrones и Breaking Bad“.
Дејствието на серијата е сместено пред настаните на „Игра на тронови“, во ерата кога Таргариените владеат со Вестерос, а најмногу се врти околу предците на Денерис Таргариен, принцезата Ренира Таргариен и принцот Дејмон Таргариен.
Набргу по премиерата на серијата, социјалните мрежи беа преплавени со коментари на задоволни фанови, а првата епизода моментално има висока оценка од 9.0 на IMDb.
„Куќата на змејот ќе биде луда. Каква прва епизода“, напишал еден корисник.
„Првата епизода беше неверојатна. Едвај ја чекам следната епизода наредната недела", „Серијата е многу слична на петтата сезона на Game of Thrones", „Епизодата беше 11 од 10", „Серијата тотално ме вовлече, веројатно повторно ќе ги читам книгите“, се редеа коментарите.
Сепак, некои фанови го изразија своето незадоволство за една работа.
„CGI на змејовите и градовите не изгледа ни приближно добро како што се сетив. Дали тие ги намалија трошоците?“ праша еден гледач.
„Не знам што да кажам за овој лош змеј CGI“, се согласи друг.
„Зошто CGi беше толку многу подобар во Game of Thrones? заклучи трет, пишува Б 92.
Фото и Видео: Youtube