Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа: Рајска оаза опкружена со чисто море (ФОТО)
Британскиот весник „Гардијан“ го стави овој јадрански бисер на својата листа на најубави острови „надвор од радарот“.
Имено, меѓу 10-те најубави острови во Европа, кои се наоѓаат надвор од познатите туристички дестинации, е и Ластово: вистинска рајска оаза опкружена со чисто море.
„Иако четири и пол часа возење со ферибот од Сплит можеби изгледа како измачување за љубителите на авантурите, островот е толку различен од Сплит што ќе ви биде мило што сте тргнале да го посетите“, пишува „Гардијан“.
„Поминете време во боровите шуми восхитувајќи се на островските куќи во венецијански стил, потоа истражувајќи ги црквите или пливајќи во кристално чистото море на заливот Скривена Лука. Има само еден хотел на островот, но има неколку одлични ресторани кои нудат локални храна и морски специјалитети“, го пофали „Гардијан“ хрватскиот остров кој уште во 2006-тата година беше прогласен за природен парк.
Покрај Ластово, на оваа листа се и островите Поркелол (Франција), Табарка (Шпанија), Бозада (Турција), Ла Грациоза (Канарски Острови), Сирос (Грција), Кабрера (Шпанија), Тинос (Грција), Иле де Бац (Франција) и Филикуди (Сицилија).
Извор: www.b92.net/