HUAWEI ги претстави новите уреди во Виена

На голем настан во Виена на 21 октомври, HUAWEI го претстави долгоочекуваниот паметен телефон - nova 9, кој ќе го израдува секој љубител на фотографијата и стилскиот дизајн. Покрај него, на настанот беа претставени и новиот паметен часовник HUAWEI Watch GT 3 и лимитираното, лајфстајл издание на безжичните слушалки HUAWEI FreeBuds Lipstick. Од официјалната сцена, Дерек Ју, претседател за Централна и Источна Европа, Северна Европа, Канада и Турција на Huawei Consumer Business Group, исто така, се осврна и на деловните резултати на компанијата. Според прогнозите, добрите резултати постигнати од HUAWEI во 2020 година се очекува да се повторат и оваа година. Досега, компанијата оствари приход од 43 милијарди евра, со нето профитна маржа од 9,8%, а приходите на Consumer Business Group достигнаа 18.2 милијарди евра.

Секоја година, HUAWEI инвестира повеќе од 10% од своите приходи од продажба во истражување и развој. Во текот на изминатите десет години, инвестициите за R&D надминаа 96 милијарди евра. Континуираниот раст на компанијата ја гарантира нејзината силна позиција на пазарот. Според рангирањето Fortune 500, Huawei е на 44-то место во август 2021 година, што претставува зголемување со поместување на 5 позиции напред во споредба со 2020 година. Исто така, компанијата постојано ја развива својата мрежа на физички продавници. Доказ за тоа е новоотворената продавница во Виена, Австрија, отворена на 20 октомври, комбинирајќи ги силните страни на компанијата - дизајн и модерна технологија.

„Континуираниот раст е важен за компанијата“, вели Дерек Ју. „Ние постојано се стремиме да ги најдеме и развиваме најдобрите решенија за да ги интегрираме во нашите производи и да ги исполниме очекувањата на нашите клиенти. Исто така, имајќи ги предвид истите, отвораме нови продавници, кои не само што се доказ за нашата континуирана инвестиција, туку и овозможуваат поблизок контакт со брендот. До крајот на 2020 година, Huawei имаше скоро 60.000 продавници и дисплеи во малопродажба низ целиот свет, вклучувајќи повеќе од 5.000 физички продавници, и ние продолжуваме да растеме.“