Huawei испорача 200 милиони паметни телефони во 2019 година во рекордно време

Huawei Consumer Business Group (CBG) објави дека до денес бројот на уреди испорачани од компанијата оваа година достигна 200 милиони, што е 64 дена порано од достигнувањето на истата бројка во 2018 година

Фокусот на Huawei е на врвната технологија и иновативниот дизајн, што заедно со целокупната посветеност на компанијата кон сите потрошувачи ширум светот, ја зголемува довербата на сè повеќе клиенти кои активно го поддржуваат брендот.

Во 2019 година, Huawei презентираше голем број импресивни уреди, вклучувајќи ја и наградуваната серија HUAWEI P30, која се смета за најдобра серија на телефони за фотографија што се моментално достапни. Меѓу многуте награди и признанија, Експертското здружение за слика и звук (EISA), составено од претставници на 55 од најпознатите технолошки медиуми во светот, го именуваа HUAWEI P30 Pro за „Најдобар паметен телефон“за 2019-2020 година.

Мисијата на компанијата е да ги направи дигиталните технологии и највисоките достигнувања во нив достапни за максимален број на луѓе ширум светот. Во тој дух, нивниот богат асортиман на паметни телефони нуди моќни платформи и уникатни, модерни одлики во секој опсег, како и цени, вклучувајќи ја супер-успешната, најприфатена Y серија 2019, уникатниот P Smart Z за млади, и многу други.

###

За повеќе информации:

Марија Димовска

Element PR

Тел.: 070 392 530

E-mail: marija.dimovska@elementpr.mk

За Huawei Consumer Business Group

Производите и услугите на Huawei се достапни во повеќе од 170 земји и ги користат 1/3 од светското население. Компанијата има 14 истражувачки центри во САД, Германија, Шведска, Русија, Индија и Кина. Huawei Consumer BG е една од трите деловни единици на компанијата и е активна во областа на мобилни телефони, компјутери и таблети, преносни и софтверски уреди и сл. Глобалната мрежа на Huawei е изградена со скоро 30 години искуство во телекомуникациската индустрија, а целта е да се испорачаат најновите технолошки иновации на потрошувачите ширум светот. За повеќе информации: https://consumer.huawei.com/mk/

За најновите информации во врска со Huawei Consumer Business Group, следете нè на:

Facebook: facebook.com/HuaweimobileMK/

Twitter: twitter.com/huaweimobilemk