Huawei ќе ги презентира можностите за девелопери на конференцијата Nordic Game

Huawei, водечката светска технолошка компанија, се враќа на настаните во живо со присуството на својот гејмерски тим на Nordic Game, конференција и изложба посветена на гејмерската индустрија во нордиските земји и Централна и Источна Европа.

Настанот, што се одржува на историското место Слагтхусет во Малме, Шведска, од 17 до 20 мај, ќе му овозможи на Huawei да покаже како рапидно растечката база на корисници восопствената продавница за апликации, AppGallery, нудимногу придобивки за девелоперите на игри.

Huawei ги поканува програмерите и студиата за игри да дојдат и да се запознаат со тимот на настанот. Фокусот на овие состаноци ќе биде како AppGallery и растечкиот центар за игри на Huawei, GameCenter, можат да дадат нова можност за проширување на нивната корисничка база. Експертите ќе бидат присутни за разговор за едноставниот процес на интеграција и како се поставуваат промоциите за да имаат корист иклиентите ипрограмерите.

Игрите станаа најбрзо растечка и една од најуспешните категории на AppGallery, при што некои од водечките светски девелопери на содржини во секторот, сега достигнуваат 580 милионимесечни активни корисници на платформата (45 милиони во Европа, +7% годишно), со нови и постоечки апликации за игри.

На Nordic Game, Huawei, кој е платинест спонзор на настанот, ќе биде вклучен во неколку клучни активности:

·Д-р Хаиме Гонзало, потпретседател на Consumer Mobile Services во Huawei ќе биде дел од конференцијата, презентирајќи ги ефективните начини за пласирање игри на AppGallery, со вистински успешни приказни на популарни гејминг компании.

·Huawei, исто така, ќе го претстави на сцената Outfit7, девелопер на игри заслужен за наградуваната серија Talking Tom & Friends и нејзините многу очекувани RPG Mythic Legends, кој ќе раскаже искуства од работата со AppGallery.

·На својот штанд (10B), посветениот тим на Huawei ќе им презентира на девелоперите можности за раст, придобивкиод Huawei Ads scheme за игри, и детали за тоа како Huawei ја олеснува техничката интеграција.

·Huawei е спонзор на категоријата Best Nordic Game of the Year – Small Screen, како дел од Nordic Game Awards(на 19 мај, во 18:00 часот).

“Многу сме возбудени што повторно ќе бидеме дел од заедницата на Nordic Game. Девелоперите треба да добијат реална слика за искуството на своите клиенти, и помош да го пласираат својот продукт до пошироката публика. Ние ги слушаме, и затоа обезбедивме едноставно решение, кое капитализира во нов канал кој достигнува пазар на активни корисници со вредност од десетици милиони”, вели д-р Хаиме Гонзало, потпретседател на Consumer Mobile Services во Huawei, за Европа. “Се подготвивме за овој настан имајќи ги предвид тие девелопери и затоа ги покануваме сите, и новите и постоечките партнери, да разговараат со нашите експерти и да добијат подлабоко разбирање за тоа како можеме да работиме заедно и да ги развиеме нивните бизниси.”

ПР објава