HUAWEI NEXT-IMAGE Awards 2021 е отворен за фотографии на глобално ниво и нуди големи награди

Популарниот годишен натпревар за фотографија на Huawei - NEXT-IMAGE Awards 2021, повторно е отворен за фотографии и видеа направени со уредите на Huawei, до 30 ноември. Темата на годинешното издание е “Better Together (Заедно сме подобри)”, а наградите вбројуваат над 70 парични и материјални награди.

Huawei NEXT-IMAGE Awards е најголемиот натпревар во фотографија направена со паметни телефони, во светски рамки, со над 2 милиони фотографии и видеа доставени од неговото основање во 2017 година до сега*. Со едноставни услови и атрактивни награди, петта година по ред, фотографи од целиот свет, аматери и професионалци, можат да го споделат својот поглед на светот со љубителите на оваа уметност.

Жири

Победниците на NEXT-IMAGE Awards се избрани од тим експерти за фотографија од различни земји, со разновидни креативни профили. Меѓу нив се канадскиот фотограф за екстремни спортови, Рубен Крабе, британскиот уметнички критичар, Карен Смит и францускиот телевизиски и радио продуцент, Оливер Сиабодо. Жирито исто така вклучува визуелни уметници со лично искуство во освојување фотографски награди, од Пулицер до минатогодишните Next-Image Awards, како и Ли Чанџу, потпретседател на Consumer Strategy Marketing Dept во HUAWEI Consumer Business Group.

Награди

Huawei Next-Image Awards традиционално нудат богат фонд за награди – парични и материјални. Наградата за “Фотограф на годината” ќе биде доделена на 3 учесници, под името NEXT-IMAGE CREATION бонус од 10.000 американски долари. Уште 27 учесници ќе добијат по 1.000 долари. Наградите вклучуваат и 30 паметни часовници Huawei Watch 3. Жирито, исто така, ќе одреди 10 добитници на Student Focus Award, на возраст од 18 до 24 години, кои ќе добијат паметен телефон Huawei P50 и NEXT-IMAGE CREATION бонус од 1.000 долари.

Како да учествувате?

Само посетете ја веб страната: https://gallery.consumer.huawei.com и следете ги наведените чекори за да ја поставите вашата фотографија или видео во соодветната категорија.

10 категории, 10 уникатни погледи на убавината на светот

Huawei ги охрабрува учесниците да го истражуваат светот од различни перспективи, формати и услови. Затоа, натпреварот е поделен на 10 тематски категории, што го прават уште поинтересен. Категориите се: PortraitMonochromeColour, Snapshot, Night, Telephoto, Super Wide Angle, Super Macro, Story Creator,Storyteller.

Овие категории, исто така, ја поттикнуваат употребата на предностите на Huawei паметните телефониво области како што се фотографирање при слаба осветленост и навечер, макро фотографија, фотографија од далечина, снимки со широк агол ипортрети.

Жирито ги очекува вашите фотографии и видеа, до 30 ноември, на линкот: 

https://gallery.consumer.huawei.com* ПР - објава