Huawei P40 Pro - Шампионска камера оцената со најдобри резултати на тестовите

Новиот знаменосец на премиум серијата на смартфони Huawei P40 Pro ги помина сите тестови за квалитет на камерата на бенчмарк сајтот DxOMark каде се оценуваат мобилните камераи е прогласен за нов крал со рекордно освоени 128, над просекот од 120 поени на претходно тестираните мобилни телефони.


Huawei P40Pro постигна фантастични резултати како на главната камера поставена на задната страна составена од четири леќи, така и на селфи камерата на предната страна. Примарниот Quad-Bayer сензор на Huawei P40Pro располага со 50 мегапиксели, има огромна леќа од 1/1.28″ која собира големо количество на светлина што е клучно за квалитет на сликите и видеата, а нуди и одлични перформанси за ноќно сликање и во услови на слаба надворешна осветленост.

Само за правење на слики со Huawei P40Pro од страна на DxOMark се доделени 140 поени, додека пак за снимање на видеа резултатот е 105 поени.

Селфи камерата на Huawei P40Pro доаѓа со два сензора од кои примарниот има 32 мегапиксели со 1/2.74 леќа и f/2.2 апаратура за создавање на совршени селфи фотки како и видеа. Според DxOMark квалитетот на селфи камерата на Huawei P40Pro е оценет со 103 поени. Само за сликање доделени се 108 поени, додека пак за видеата направени со селфи камерата на Huawei P40Pro постигнати се 95 поени.

Главното подобрување на селфи камерата на Huawei P40Pro е воведувањето на автофокус што овозможува многу поквалитетни резултати. Хардверскиот аспект на Leica камерите на Huawei P40Pro како и софтверските елементи, моќноста на новиот осум-јадрен Kirin 990 5G процесор и поддршката од вештачка интелигенција за обработка на сликите, овозможува софврешена мобилна фотографија.

Huawei P40Pro како целина е одличен смартфон за користење на мултимедија, забава, правење на слики и видеа со високо ниво на професионалност, па затоа моментално е еден од најатрактивните уреди во премиум класата.