Јајцата не се причина за висок холестерол, туку омилениот летен алкохолен пијалок на многу мажи!

Холестеролот е супстанца што ја создава црниот дроб и е неопходна за здравјето – за клеточни мембрани, витамин Д и хормони. Но, кога нивото е високо, може да се таложи на ѕидовите на артериите и да предизвика срцеви заболувања.
Нутриционистката Марија Милановиќ вели дека на холестеролот влијае целокупниот стил на живот, а не само храната: „Брзата храна, грицките и индустриските производи полни со транс-масти се главни виновници. Влијаат и стресот, недостигот на сон и лошите навики во исхраната.“
Еден од најголемите митови е дека јајцата го зголемуваат холестеролот. „Проблемот го прават заситените масти. Ако ги намалиме, а внесеме повеќе здрави масти – јатки, маслиново масло, семки, мешунки и повеќе зеленчук – холестеролот ќе се намали природно,“ објаснува таа.
Кај млечните производи препорачува претпазливост: наместо полномасни сирења, подобро млади сирења, грчки јогурт, кефир и кисело млеко. Посебен проблем се „течните калории“ – засладени кафиња, газирани пијалаци и коктели. Милановиќ истакнува дека пивото е „тивок убиец“ за холестеролот, а виното е подобар избор.
Освен исхраната, стилот на живот е клучен: спиење до 23 часот, физичка активност, домашна храна и барем една порција салата дневно. „За 2-3 месеци со промена на навиките резултатите може да се преполоват,“ вели таа.
Како дополнителна поддршка препорачува чаеви од ѓумбир, артичока и свила од пченка, како и повеќе риба богата со омега-3 масни киселини или додатоци во исхраната.
Извор: Espreso