Забава // Музика и филм
И Македонија имаше претставник на Оскари: Елегантен и згоден, Давид Мука блесна во класичен смокинг (ФОТО)
На 96-тото доделување на Оскарите и нашата земја имаше свој достоен претставник
Имено на црвениот тепих во Лос Анџелес се појави Давид Мука Димовски, поранешен музичар, актуелен актер, продуцен и модел.
Македонецот кој е познат по својот специфичен стил изгледаше елегантно во класичен црн смокинг, лакирани чевли и црно очила за сонце.
- Оскари 2024 ви благодарам што ме имавте - напиша тој под неколкуте објавени фотографии.
Мука се потпишува како главен актер и продуцент во македонската акциона тв-серија „Blackops“, во која се појавуваат звучни имиња од естардата како Тамара Тодевска, Игор Џамбазов, Стефан Лазаров, Таско и многу други.