И официјално: Евровизија 2020 е откажана

Со длабоко жалење ве известуваме за откажувањето на Евровизијата 2020 во Ротердам - официјална изјава на Европската унија за радиодифузија - ЕБУ за Евровизија 2020 година.

„Претходните неколку недели баравме алтернативно решение за да овозможиме Евровизијата да се одржи.

Неизвесноста од ширење на КОВИД-19 низ Европа и мерките кои Владите на земјите учеснички на Евросонг, ги превземаат, Европската унија за радиодифузија – ЕБУ ја донесе тешката одлука дека невозможно е да продолжиме со планираните активности.

Горди сме што низ годините Евровизијата ја обединуваше публиката, без никаков прекин - 64 години, и како и милиони фанови низ светот и ние жалиме што Евровизијата не може да се одржи во Мај.

Ве замолуваме да бидете со нас додека да се справиме со оваа непредвидлива одлука и стрпливо да чекате понатамошни информации во следните денови.

Им оддаваме почит на тимот од Холандија и нашите 41 членови кои работеа напорно планирајќи го овогодинешниот настан.“  - стои во соопштението.

И порачаа дека целата Евросонг фамилија низ светот ќе продолжи да пружа љубов и поддршка за сите во овие тешки времиња. 

Соопштението во целост: