И овој моември, Кроација Осигурување потсетува зошто се важни превентивните прегледи за машките болести
Мажите, неретко, имајќи ја предвид доделената титула од општеството дека се посилниот пол и не треба да покажуваат слабост, тие ја запоставуваат најважната работа во животот - здравјето. Одењето на редовни контроли на лекар не претставува пракса и поголем дел од мажите се одлучуваат на тој чекор дури кога ќе дојде до поголем проблем, а тогаш вообичаено е веќе доцна. Уверени се дека нема ништо да им се случи, дека можат се да истрпат и воопшто не размислуваат за подмолниот непријател кој најчесто ги напаѓа, а станува збор за ракот на простата.
Можеби не сте знаеле, но ракот на простата е најчесто малигно заболување кај мажите. Годишно во светот се појавуваат над 1,2 милиони новодијагностицирани случаи на рак на простата и таа бројка расте од година во година. И токму поради високата зачестеност на овој вид карцином, Светската здравствена организација го посвети месец ноември на мажите и машкото здравје - пред се во борбата против ракот на простата. Многумина слушнале за оваа болест, но повеќето не сакаат да размислуваат за неа и за превенцијата од истата и мислат дека се работи за болест што ги погодува само постарите мажи. Сепак, тоа е далеку од вистината.
Mоември е годишен настан кој вклучува растење на мустаќи во текот на месец ноември, со цел на еден хумористичен начин да се привлече внимание за да се покрене борбата за заштита на машкото здравје и да се подигне свеста за здравствените проблеми на мажите, како што е ракот на простата.
Во текот на месец ноември, Кроација Осигурување - Неживотго одбележува моември, со цел да ја подигне свеста за значењето на превентивните прегледи како клучни за грижа за здравјето. Пакетите за доброволно здравствено осигурување CROCARE што ги нуди Кроација покрај брзата и лесно достапна медицинска услуга, нудат и покритие за превентивни прегледи кои се од големо значење во поглед на заштита на здравјето. Заедно со удобноста и квалитетот на здравствената услуга, посебна предност е обезбедената поддршка во текот на лекувањето и директно плаќање во болниците, кои се дел од партнерската мрежа.
CROCARE осигурувањето е без сопствено учество во штетата, односно 100 проценти ги покрива трошоците за здравствените услуги, кои директно се плаќаат во болниците преку сопствениот Контакт-центар на Кроација. Притоа секој осигуреник, преку својот личен профил на „Моја Кроација“, може онлајн да пријавува и да ја следи секоја штета. Ова осигурување обезбедува и територијално покритие за операции и болничко лекување низ цела Европа.
Постојат неколку CROCARE пакети, кои вклучуваат различно ниво на медицинска заштита почнувајќи од 500 денари месечно. Почетните пакети CROCARE lite и CROCARE lite+ вклучуваат болничко лекување и лекување од малигни заболувања, додека основниот пакет CROCARE, како дополна на почетните пакети нуди и специјалистички прегледи во сегментот на превентивната нега. Пакетот CROCARE+ како дополнување на основниот пакет овозможува и комплексна дијагностика, додека CROCARE flexy како дополнување на основниот пакет ги покрива трошоците за набавка на лекови, како и за физикална терапија.
ПР објава