И по две бремености, на 39 години, изгледа како на почетокот на кариерата: Чај за слабеење по рецептот на Фахрија Евџен

Една од најубавите Турчинки наводно го користи овој пијалок за да ја одржи својата фигура, која е идентична како кога публиката првпат ја запознала во популарната серија.

Турските серии последниве години доживеаја голема популарност на нашите простори и ни донесоа нови ѕвезди, а една од најзабележителните е актерката Фахрија Евџен.

Турчинката која ја видовме во сериите „Кога лисјата паѓаат“, „Дневникот на љубовта“ и „Изгонети - Сејит и Шура“, а позната е и по бракот со актерот Бурак Озџивит, Бали бег од „Сулејман Величествениот “, позната е по својата ретка убавина и витка градба.

Иако е мајка на две момчиња - Каран и Керем, набрзо по двете бремености успеа да ја врати претходната фигура, а како што напиша порталот Yyuksektopuklar, Фахрије има посебен природен трик за слабеење.

Станува збор за билен чај кој лесно се подготвува, а иако нема докази дека оваа смеса навистина помага во процесот на слабеење, тоа е пијалок направен од здрави состојки, па сигурно не може да наштети.

Чајот на Фахрија Евџан за слабеење

Состојки:

-мало парче корен од ѓумбир

-2 чешниња лук

-2 лажички сок од лимон

-1 лажичка мед

-чаша вода

Подготовка:

Излупете го ѓумбирот, па ситно изрендајте го и ставете го во тенџере. Прелијте го со околу 220 мл вода и оставете да се свари.

Кога ќе зоврие, треба да се готви уште пет минути, потоа додадете издробен лук, сок од лимон и мед и убаво измешајте.

Оставете да отстои пет минути, па процедете.

Според споменатиот портал, чајот треба да се пие топол, два пати на ден.

Фото: Инстаграм
Извор: Glossy.espreso.co.rs