И со вонредна состојба: Добри вести за коронавирусот
- Деветмина вратени од Брисел во земјава негативни на коронавирусот
- Кина ја затвори својата последна болница за коронавирус
- Лекарите во Индија биле успешни во лекувањето на Коронавирус. Комбинација на користени лекови: Лопинавир, Ретоновир, Оселтамивир заедно со Хлорфенамин. Тие ќе предложат истиот лек да се користи на глобално ниво
( Важно: овие лекарства никако немојте да ги користите без стручна лекарска консултација)
- Истражувачите од медицинскиот центар Еразмо oд Ротердам, Холандија, тврдат дека пронашле антитело против коронавирус. Станува збор за лек кој нема да биде во форма на вакцина. Момци, светот чека и на вас! Ајде!
- 103-годишна бабичка од Вухан, Кина за само 6 дена целосно закрепна од КОВИД-19!
- Добра вест доаѓа од Јужна Кореја, каде бројот на нови случаи опаѓа.
- Биотехнолошка компанија во Сан Диего во соработка со Универзитетот Дјук и Националниот универзитет на Сингапур развива вакцина „Ковид-19“ .
МОРА да РАЗБЕРЕМЕ дека противникот се победува со тактика , ред и дисциплина. Тактиката се препораките на надлежните институции кои се многу слични со оние кои речиси го нокаутираа коронавирусот во Кина и Јужна Кореа.
А редот и дисциплината се овие совети:
Носете маски за лице
Не го фаќајте лицето со рацете кои претходно не сте ги измиле/дезинфицирале
Избегнувајте „мешање“ со други групи на луѓе.
Ако веќе морате да одите на работа, кажете им на своите соработници да заземат пристојана дистанца од најмалку 1,5 метар. Убав муабет се прави и на такво растојание. Ако требате нешто да си покажете, не ги вртете лицата еден спроти друг, носете маска.