Идеалниот подарок за Денот на вљубените се крие во новите колекции на Fashion Group

Иако во сосема поинакво издание од оние на кои досега сме навикнати, овој викенд се случува најголемиот празник на вљубените кој не можете, а да не го сакате.

Викедов ја славиме љубовта од сите аспекти – не само љубовта кон партнерот, туку и кон вашите најмили, семејството, пријателите и најважно, кон самите вас.

Ако веќе испланиравте купување на класичен подарок, брендовите на Fashion Group се тука да ве предомислат и сосема навреме, да ве запознаат со најстилските парчиња и подароци што сте ги виделе во последно време.

За да ви ја олесниме потрагата по совршениот подарок, создадовме неодолива колекција https://bit.ly/3p9GYHb едноставно наречена „Модерен Валентајн“, во која ќе најдете сè што замислувавте дека е соодветно за овој Ден на вљубените.

Сите производи од колекцијата ќе ги најдете онлајн и во продавниците на нашите брендови, а она на што знаеме дека дополнително ќе се израдувате е фактот што дел од парчињата сè уште се на неодоливо намалување.

Покрај совршената колекција за овој празник, сосема навреме, голем дел од брендовите на Fashion Group ги претставија своите нови пролетни колекции, меѓу кои и можеби најсоодветниот за овој празник – Women’secret. Погледнете ја колекцијата на линкотhttps://bit.ly/376VetY .

Полна со парчиња за сечиј вкус, оваа магична колекција е олицетворение на она како треба да изгледа долната облека во која секогаш ќе се чувствувате свои, а истовремено ќе изгледате прекрасно.

Дизајнерите за брендот за оваа сезона предлагаат ултра секси парчиња кога е долната облека во прашање, но она што радува е тоа што истите се и неодоливо удобни, па ќе можете да ги носите и во оние денови кога едноставно сакате да се чувствувате убаво.

Како и секогаш, исклучителен акцент при создавањето на истата е ставен на материјалите, па како што објаснуваат од брендот, во моментите кога ја носите се чувствувате како таа да е вашата втора кожа, што многу девојки го потврдуваат.

Овој викенд, не заборавајте и да се запознаете со новиот бренд на Fashion Group, Miss Sixty чии парчиња не враќаат во едно прекрасно носталгично време, овојпат со модерен твист и колекција полна тренди производи. Пронајдете ги продавницата на Fashion & Friends или онлајн https://bit.ly/3rQ7s2b .

Секогаш, без разлика на поводот, брендовите на Fashion Group се тука за вас, па така и овојпат ве подготвуваме за еден од најубавите празници во годината со дополнителни намалувања и изненадувања на нашиот Инстаграм профил!


ПР објава