Спорт // Спорт
Игор Ангеловски стана тренер на претпоследниот тим во Хрватска, ќе ја спасува Горица
Поранешниот македонски фудбалски селектор, Игор Ангеловски по настапот со Македонија на ЕУРО, ќе ја предводи просечната Горица во хрватското првенство.
Иако Ангеловски беше поврзуван со можен трансфер во Фенербахче и Џенова, по подолга пауза без ангажман, прифати понуда од претпоследниот тим во хрватското првенство.
Горица има само една победа по шест средби во Хрватска, а Ангеловски треба да ги спасува од најлошото.
Ангеловски на кормилото на Горица ќе дебитира следниот викенд на мечот со Вараждин.