ИГРИ НА ИДНИНАТА – Ново Олимписко секојдневие?
Судејќи според сето она што беше претставено во Казан на отворањето на инаугуративните „Игри на иднината“, можеби не сме толку далеку од денот кога повеќето спортови, па дури можеби и самите Олимписки игри, ќе се организираат во револуционерниот „фигитален“ формат.
„Игри на иднината“ се првиот голем меѓународен виртуелен спортски турнир во светот кој комбинира физички натпревари во класични спортови и специјално уредени, онлајн дигитални спортски дисциплини за учесниците присутни во Казан или оние лоцирани во други земји во светот. Амбициозниот проект „Игри на иднината“ претставува реализација на долгогодишни анализи, подготовки, технички испитувања и интензивни тестирања спроведени во посебна лабораторија за дигитални спортови. Игрите се одржуваат до 3. март и ќе опфатат натпреварување во 21 дисциплина на повеќе од 2.000 играчи од 107 земји од светот групирани во над 260 тимови.
Натпреварите се поделени во три главни групи – „фигитален“ спорт, чист сајбер - спорт и иновативен спорт - со цел да се доближи спортот до младите и претстојните генерации преку овој уникатен креативен и технолошки напреден пристап, во време кога класичните спортови ја губат популарноста и бројот на следбеници на стандардните платформи.
Како дел од „Игри на иднината“ продолжува и еден од најголемите глобални општествено одговорни проекти за деца во спортот – „Фудбал за пријателство Фигитал“. Во рамки на десеттата сезона на овој проект, Македонија е претставувана од младиот фудбалер Давид Џољевски од Фудбалската Академија „Гроздановски“.
Момчиња и девојчиња од Северна Македонија, Србија, Словенија, Русија, Белорусија, Бенин, Казахстан, Либан, Романија, Сирија, Танзанија, Турција и Централноафриканска Република на возраст до 12 години ќе ги сочинуваат 6. „Тимови на пријателство“, именувани по имињата на ретки видови животни. Учесниците ќе се натпреваруваат во вистински фудбал, како и во неговата дигитална верзија, посебно изготвена за „Игри на иднината“. Децата веќе неколку дена се дел од кратки подготовки за ова натпреварување на новото време, уживајќи во дружењето со своите врсници од Европа, Африка и Азија со кои ги вежбаат тајните на успехот и формираат спортски дух пред почетокот на натпреварите. Сите учесници на повеќедневното натпреварување ќе добијат статус на Млади амбасадори на програмата “Фудбал за пријателство“ и по враќањето дома ќе продолжат да ги споделуваат своите искуства и да ги промовираат деветте основни вредности на програмата – пријателство, еднаквост, правда, здравје, мир, посветеност, победа, традиција и чест.
„Покрај официјалните преноси за 30 земји прекунад 240 платформи за стриминг, како и на други достапни канали, очекуваме дека следбениците на 21-та дисциплина – дел од „Игри на иднината“ ќе остварат над 3 милијарди уникатни посети во текот на целото натпреварување, со многу забава, радост и возбуда во кои ќе уживаати полните трибини посетители во натпреварувачките арени на “Казан Експо“.“ - изјави Игор Стољаров, Претседател на Организациониот одбор на „Игри на иднината“, кој заедно со градоначалникот на Казан, Илсур Метшин го најави почетокот на натпреварот.
„Фудбал за пријателство Фигитал“ еподеднакво важен натпревар во рамки на Игрите за нашите најмлади учесници, како и за сите нас. Се надеваме дека во наредните години овој формат ќе го прошириме и на други дигитални верзии на класичните спортови.“, дополни Стољаров.