Илија Жежов, физиотерапевт – која масажа е најдобра и помага за отстранување на низа здравствени проблеми
Физикалната терапија е широк спектар на процедури и методи со кои се решаваат здравствените проблеми на луѓето.
Илија Жежов, физиотерапевт со 15 годишно искуство, посочува дека најчести се процедурите односно ординирањата на терапија кај луѓето кои се соочуваат со низа наздравствени проблеми како што се: проблеми со врат,кичма,колк или пак некоја спортска повреда,скршеница, мозочен удар или пак некое друго доста посериозно заболување.
- Сите масажи имаат свој благодет и придонес, како за телото така и за духот,душата, умот и психичката благосостојба. Но, кај дамите, најчестата потреба за масажа е за отстранување на целулит или за уморни нозе,стопала и грб. Лимфната дренажа е масажа број еден ипомага за отстранување на низа здравствени проблеми. Се работи по лимфните патишта со дренирање и има за цел да направи едно целосно ослободување на телото и да ја раздвижи одлично циркулацијата.Со самото раздвижување на циркулацијата оваа масажа помага да се направи едно целосно детоксифицирање на сите лоши токсини, кадешто истите веднаш по ординирањето на масажата по пат на уринарните патишта се исфрлуваат, се ослободуваат лимфните патишта и се релаксираат и опуштаат лимфите и самите мускули – вели Жежов и дополнува дека оваа масажа важи за една од најдобрите во медицината и служи за потребите на пациентите.
-Ваквата примена на третман, односно масажа особено е важна кај пациентите кај кој е извршен оперативензафат, односно отстранување на дојката кај жените со карцином.Истата се препорачува кај лица со слаба циркулација и кај лица кои имаат проблеми со отоци и низа други здравствени проблеми.
Особено е важно пациентите да знаат дека оваа масажа е една од најдобрите според светската здравствена организација и истата смее да се применува посебно со специјален сертификат за работа. Секако ординирањето е во проценка на физиотерапевтот. – посочува тој.
Стресот, обврските и работата сами по себе носат низа стресни ситуации. Мажите најмногу ја бараат масажата „антистрес“, која помага за релаксација и опуштање.
-Ако порано масажата се сметаше за луксуз, денес е потреба од 30 или 60 минути, за одлично здравје. Добро е секој човек еднаш или двапати во месецот да направи масажа. Освен што придонесува за здравје,опуштање и релаксација, ќе ви послужи физиотерапевтот да ви открие во каква состојба се наоѓа вашето тело и дали е започнат одреден процес на некое заболување или дегенерација. Ова е еден од првите начини навреме да го откриеме и да го спречиме дегенеративниот процес на заболување и кон истиот да настапиме стручно и соодветно. – заклучува Жежов, кој наскоро ќе ја објави својата прва книга „Физикалната терапија, дијагнозите,советите и пристапот со стручни методи за секое лекување“.
С.А.Н