Има 74 години, а и понатаму изгледа како Бог! Ова е тајната на фантастичниот изглед на Арнолд Шварценегер
Актерот Арнолд Шварценегер отсекогаш бил страствен спортист, па иако навлегува во осмата деценија, тој сè уште е во неверојатна форма.
Верувале или не, легендарниот актер Арнолд Шварценегер има 74 години, а секој ден вежба по час и половина, вози велосипед и крева тегови.
Имајќи преддвид дека некогаш бил професионален билдер, тогаш вежбал по пет часа на ден. За време на неговата кариера како актер, тој го менуваше начинот на тренирање во зависност од улогата на која работеше.
Арнолд откри дека и на 74 години не се откажува од вежбањето, а неговиот тренинг изгледа вака: вози велосипед од 45 до 60 минути, а крева тегови во следните 30.
- Вежбањето е дел од мојот живот, како спиење и јадење. Како што минуваат годините, вежбам според моите можности – рече тој.
Шварценегер имаше различни барања кога беа во прашање неговите улоги. За улогата во комедијата „Stay Hungry“ актерот мораше да ослабе 14 килограми.
Добрата работа била тоа што неговото тело било подготвено за секакви промени, а благодарение на активноста што ја практикува и понатаму изгледа помладо отколку што е.
фото: Инстаграм